Скапо ја платив цената на сопствената грешка – До негде ги заслужив солзите

0

Сега копнеам по тебе? А зошто? Ни самата не знам да дефинирам. Можеби тоа е цената на сопствената грешка со која те изгубив овој пат засекогаш.

Никогаш до тогаш не знаев дека навистина те сакав. Живеев со фактот дека ти си моја навика со која неретко си поигрував. Незнаев дека таа навика е моја зависност за која не постои лек. Ниезмерно ми недостасува тој по малку забавен глас кој ја будеше насмевката во мене, тој наивен поглед и тие две сини поточиња кои правеа да се чувасвувам прекрасно.

Можеби грешевме и двајцата, повредувајќи се меѓусебно, но за кратко време повторно бевме едно и минатото го оставивме зад нас.

Овој пат ме мачи помислата дека ти ќе останеш мое минато кое ќе ме следи во иднината. До негде ги заслужив солзите со тоа што остапив место на некој кој ти беше близок и дозволив да ме заведе убавината, славата и потрагата по нови мигови, но… убавината е кратка, и сега ја плаќам цената на убавината препуштена на власта на тагата.

Ме болат зборовите кои ги кажа на разделбата, тоа би било последното нешто што би посакала во животот, но самата го уништив своето достоинство.

Те молам не мрази ме, доволно се осудив на болка. И ја плаќам грешката. Не дозволувај омразата да ги избрише миговите минати заедно, зашто јас живеам од спомените. Откако те изгубив сфатив.

Но овој пат навистина сфатив дека убавината и славата се отров кој полека, но сигурно не’ уништува, а добрината и верноста се рецепт за среќна љубов.

Претходна статијаСнегот не престанува да вее: Се очекува снежна покривка над 20 сантиметри
Следна статијаМашки калкулатор – вистински хит во светот: Пресметајте колку вистински вреди вашата сопруга