Автобусот на компанијата Еуробус од Струга, кој ноќеска во 1.45 часот се преврте на автопатот Скопје – Белград, кај Лесковац, Србија, при што загинаа тројца патници, а повеќе се повредени, се обраќал на релација Битола – Виена.
Џитон Иштрефи, сопственик на компанијата Еуробус Струга, вели дека возилото техники било исправно. Додва дека нема се уште информации што точно се случило, но од разговорот со возачот бил информиран дека во критичните моменти се појавило патничко возило поради кое се случила несреќата.
Немам точни информации што точно се случило, бидејќи не знам ништо. Колку што знаете вие толку знам и јас. Се слушнав со возачот кој ми кажа дека коловозот бил лизгав, некој автомобил одненадеж се појавил од напред и тој изгубил контрола, само толку ми кажа. Во конттакт сме постојано со луѓето во Србија. Испративме друг автобус да ги преземе патниците, друго не знам. – истакна во кусиот телефонски разговор Иштрефи.
Како што јавија српските медиуми, во тек е идентификација на жртвите. Четири патници се со повреди опасни по живот, и префрлени се во Клиничкиот центар во Ниш додека останатите се задржани во болницата во Лесковац.
Возачот и совозачот не се повредени, но не смеат да даваат изјави за медиуми. Тројца од патниците со тешки повреди се на интензивна нега во одделот Хирургија болницата во Лесковац додека еден е на Ортопедија. Останатите патници, – 23, се со полесни повреди.
Во меѓувреме утврден е и идентитетот на две од трите лица кои загинаа во автобуската несреќа кај Лесковац. МНР добило потврда дека станува збор за 68 годишен маж од село Бучин, Крушево со иницијали В.Ш и 68 годишна жена од Кочани со иницијали К.К.
На двете лица, идентитетот им бил утврден од личните документи. Кај третата жртва не се пронајдени документи и сеуште нема потврда на нејзиниот идентитет.
Во автобусот се превезувале 35 паници. Најголемиот дел од нив во моментот на несреќата спиеле, јави РТС. На повредените први помош им пружиле вработени од „Путеви Србије“ и возачи на други возила кои во моментот поминувале тука.
Јас седев назад, автобусот се занесе, нешто силно ме удри во главата и сите патници почнавме да паѓаме еден врз друг. Многу ми е жал за тројцата загинати, фала му на Бога што останавме живи. Брзата помош многу брзо дојде и мене ме префрлија во Ниш, па во болницата во Лесковац, изјави за МИА Ричард Малинковски од Прилеп, кој има повреди на главата и треба да се оперира во Македонија.
Тој е еден од 11-те патници од Прилеп кои ноќеска се качиле во автобусот од Битола за Виена, кој во 1 часот и 40 минути се преврте на автопатот кај Лесковац. Во тешката сообраќајна несреќа во која загинаа тројца македонски државјани – маж и две жени, како што потврди МНР, а 32-ца се повредени.
– Некои кажуваат дека возачот има заспиено. Но, јас тоа не го видов. Наеднаш се свртевме и потоа два пати паднавме и доживеав шок, по што не се сеќавам на ништо друго – изјави Малинковски.
Како што соопштија од српската полиција, несреќата се случила кога автобус со македонски регистарски таблички од струшката фирма Еуробус, кој патувал на линијата од Струга за Виена, излетал од патот пробивајќи ја заштитната ограда и се превртел кај клучката Печењевци во близина на Лесковац.
Автобусот со македонски патници тргнал од Македонија синоќа околу 20 часот и во него имало патници од повеќе места во Македонија, а еден од повредените изјави за медиумите дека не се сеќава на несреќата, бидејќи сите спиеле во тој момент. Еден маж и две жени – македонски државјани загинаа на лице место во несреќата.