Добар ден, добар ден добри луѓе, добра ден горда достоинствена и пркосна Македонија.
Добар ден од градот јунак, добар ден од Велес и ви благодарам што денес, недела одвоивте од вашето време да ни се придружите овде, да бидете дел од нас за да изразиме нашиот револт и негодување кон сите овие ненардони и криминални политики предводени од оваа криминогена владата на СДСМ.
Добредојдовте од градот на Рацин, Жинзифов, на Брашнаров, на Поп Јорданов.Добар ден од градот на Гемиџиите и добродојдевте овдека уште еднаш со нас.
Вака го отовори својот говоро денес Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, а го заврши со следните зборови:
Сосема за крај. Би сакал неколку стихови од големиот Рацин кој што од денешна перспектива во многу нешта ја опишуваат моменталната ситуација во Република Македонија. Па големиот Рацин ќе напише:
Се к’ти ноќта црна!
Се рути карпа — мрак!
И петли в село пеат
и зората се зори —
над карпа в крв се мие
и темнината пие
силно светнал ден!
Е така ќе светне денот кога зората ќе го победи теминлото. Кога зората ќе ги победи црнилата. До тогаш нашите емоции ќе одат нагоре до тогаш нашиот мотив ќе расте и нашата бројка ќе биде се поголема
Да сте ми живи и здрави.
Да е жива и здрава Република Македонија
Да е живо и здраво ВМРО-ДПМНЕ
Ви благодарам велешани и сите оние кои ни се придруживте.