Деновиве има снег и дожд во Македонија, улиците се мокри, а не ретка појава е некој возач да не испрска.
За да бидат казнети несовесните возачите мора да бидат фатени во моментот кога го извршуваат делото, или пак казнувањето е можно ако возачот го запре возилото или, пак, полицаец да биде сведок на настанот.
Сообраќајниот полицаец мора на самото место да го констатира тој прекршок, а доколку нема полицаец во близина, следна опција е да се јавите на 192, но да го задржите возачот и тој да признае што направил.
Казната е 35 евра во денарска противвредност, како и 15 негативни поени.