Уште еден автобус излета од пат утрово во близина на Цирих, Швајцарија

0

Едно лице настрада, а 44 беа повредени рано денес рано утрово, кога автобусот во кој се превезувале на се преврти и удри во ѕид на автопатот во близина на Цирих, соопшти полицијата.

Три лица се потешко повредени. Автобусот бил на пат од италијанскиот град Џенова до Дизелдорф во Германија, соопшти полицијата:

“Утврдивме дека во автобусот дека нема деца меѓу повредените и дека воопшто немало деца во автобусот”, изјави портпаролката на полицијата, Ребека Тилен, за швајцарскиот портал за вести 20 Минутен.

Според Тилен, автобусот бил управуван од страна на подизведувач на Flixbus, германска компанија која нуди меѓуградски услуги.

Портпаролот на полицијата контактиран од ДПА, изјави дека нема дополнителни информации за идентитетот на жртвите досега.

Тројца луѓе настрадаа во тешка сообраќајна несреќа која се случила синоќа околу 01 : 40 часот пред влез во Лесковац, кога се превртел македонски автобус кој сообраќал во правец од Скопје кон Белград. Според првите неофицијални информации во прашање е автобус кој сообраќал на линија Штип – Беч, но оваа информација сеуште не е официјално потврдена.

Покрај екипи за помош од Лесковац, за повредените се погржиле и екипи од нишката итна помош, а точниот број на повредени и загинати ќе се знае кога превртениот автобус ќе биде кренат.

Екипи итна помош од Лесковац први излегоа на терен, укажуваа помош и ја почнаа потрагата по повредените лица. Имаше патници кои беа заглавени во автобусот, нив ги извлекоа припадници на противпожарните служби.

Најштешко повредените ги транспортиравме во КС Ниш, изјавил лекар од Итната помош од Ниш. Во тек е полициски увид на местото на несреќата. Се утврдуваат причините, не е познато дали возачот задремал или автобусот слетал од други причини.

Претходна статијаДрагана Мирковиќ откри колку е богата: Јас искрено не морам веќе да пеам
Следна статијаМаж и две жени се настраданите во превртениот автобус кај Лесковец, Филипче и Рашковски се упатиле кон местото на несреќата