Дарко Лазиќ конечно призна – откри зошто кобното утро брзал со автомобилот

0

Дарко Лазиќ откри како ја направил страшната несреќа по која цел месец беше во кома.

Утрото кога со автомобилот излета од пат, тој тргнал дома бидејќи неговата девојка му јавила дека очекуваат бебе. По веселбата на која бил со пријатели, ги добил среќните вести и веднаш тргнал дома.

Потоа, кога седнал зад воланот загубил контрола, излетал и се превртел.

Сега е на рехабилитација во бања.

Дарко Лазиќ се опоравува по тешката сообраќајна несреќа во бањата Селтерс кај Младеновац, а еден од ретките колеги кои го посетија деновиве беше неговиот стар другар Емир Хабибовиќ.

-Во посета на драгиот Дарко… Се знаеме долго, уште од почетокот на неговата кариера. Многупати пеевме заедно и често ме најавуваше како еден од најдобрите пејачи, а сметам дека баш тој е најдобар и ќе биде подобар кога ќе оздрави и ќе се врати на сцената.

Музиката секогаш го радува, па се воодушеви од мојата нова песна „Испричачу свима“ која нашиот драг Шабан ја напиша за мене… Даре, допрва ќе пееме заедно!, напиша Емир.

Српскиот пејач Дарко Лазиќ речиси по два месеца откако доживеа тешка сообраќајка се виде со ќерката Лорена. Пејачот преку видео камера на Вибер ѝ објаснил на Лорена дека не бил дома поради големиот број обврски.

Мајката на Лазиќ, Бранка, на новинарите им кажала дека девојчето е премногу мало и сè уште не знае за несреќата што ја доживеа нејзиниот татко.

„Во вторникот се слушнаа преку камера на вибер. На Лорена ѝ објаснивме дека нејзиниот татко е работно ангажиран. Таа е премногу мала за да ја напнуваме со овие и за нас тешки состојби“, изјавила мајката на пејачот.

„Лорена е таа која му дава сила на мојот син да продолжи да се бори и што побрзо да заздрави и да си дојде дома“, дополнила Бранка.

Адвокатот на поранешната сопруга на пејачот, Ана Севиќ, изјавил дека за оваа средба со девојчето претходно работеле психолози, но Бранка ги негирала ваквите информации.

„Не верувам дека Лорена била однесена кај психолог. Ана ништо ми нема споменато за такво нешто. Како и да е, благодарни сме што нашиот син Дарко добро напредува и веќе почна да се движи на патерици“, завршила Бранка.

Претходна статијаСвети Никола е најчестата македонска слава: Строго се забрануваат две нешта
Следна статијаВо понеделник е голем празник: Сварете пченица, има добра причина