Времето во Македонија ќе биде сончево, на одделни места променливо облачно, но стабилно и суво.
Во Скопје времето ќе биде сончево. Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе достигне до пет степени.
Во наредните денови ќе преовладува стабилно и суво време. Утринските температури на повеќето места ќе бидат под нулата, додека дневните ќе бидат во постепен пораст, особено од недела.
Од сабота по котлините и речните долини ќе има појава на магла и ниска облачност.
Под влијание на студена воздушна маса и денес ќе се задржи студено со максимални дневни температури од -1 до 8 степени, информира метеорологот Славчо Попоски.
Времето ќе биде умерено облачно, локално со долги сончеви период додека попладне и кон крајот на денов облачноста насекаде ќе се намали.
Потоа во следните денови ќе имаме умерено облачно време со сончеви периоди, локално ќе има значителна облачност а повремено и слаб локален дожд, на повисоките планини снег.
Минималните температури и понатаму насекаде ќе се спуштаат под нулата.
Од понеделник под влијание на јужно воздушно струење ќе има значително затоплување на времето, максималните дневни температури ќе бидат над просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.