Престижниот „National Geographic“ ја вброи Македонија во 29 светски дестинации за кои им препорачуваат на читателите да ги посетат следната 2019 година. Ова секако се прекрасни вести за нашата држава.
Одговорот на прашањето зошто би ја посетиле Македонија е едноставен – Авантура! А во продолжение проследете како се опишува нашата татковина во овој прилог.
„Без разлика дали Македонците ќе стават или не „Северна“ пред името на нивната земја, последните вести за долгиот спор со Грција, го подигна профилот на оваа мала балкаска нација. Опкружена со Грција, Бугарија, Србија, Косово и Албанија, Македонија можеби нема море и брег, но е екстремно богата со планини и езера.
Високи врвови, длабоки клисури и водопади ги красат трите малку истражени национални паркови: Галичица, Маврово и Пелистер. Кајакарете покрај брегот на Охридското Езеро, едно од најстарите и најдлабоки езера во Европа и полетајте над Пелагонија од највисокиот град Крушево со параглајдер“, препорачува магазинот.