Доаѓа студен бран во Македонија: Неделава очекувајте снег

0

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнале во Пожаране (39 литри на метар квадратен), а најмалку во Скопје-Петровец и во Крива Паланка (3 литри на метар квадратен).

Утринава врнежите се пообилни во северозападните делови од државата, а во источните делови на места врнежите се престанати.

Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе се движи од 12 до 18 степени.

Поради продор на постуден воздух од север веќе од среда врнежите од дожд ќе преминуваат во снег на планините и повисоките места. Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе предивика позначителен пад на температурата.

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне во западните, а во текот на ноќта и во крајните југоисточни подрачја. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 11 Целзиусови степени, Маврово 6, Охрид 10, Прилеп 11, Кавадарци 15, Крива паланка 11, Берово 9, Дојран 14…

И утре времето ќе биде променливо облачно претпладне и во вечерните часови со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југозападен и југоисточен правец.

Дневните температури ќе се движат од 8 во Маврово, 14 во Скопје, 11 во Охрид до 16 степени во Дојран.

Претходна статијаНајдобри пријатели засекогаш – Јанкулоска објави фотографии од неа и Миле Јанакиески
Следна статијаЌе се менува од корен: Дарко по излегувањето од болница, ќе оди во манастир