Една од нашите најпознати новинарки е Наташа Меросвска, која е уредничка на бизнис вестите на ТВ „Сител“ и е доста долги години на ТВ екраните.
Во ноември во 2018 година, таа и нејзиниот сопруг Александар Ристовски ја добија ќерката Каја. Убавата вест, Мерсовска, ја објави на својот Фејсбук профил тогаш со овие зборови:
„Каја си дојде дома. Голема благодарност до доткор Александар Бојаџиев кој се погрижи на свет да ја донесам мојата лепотица и покрај ризичната бременост и доктор Лазар Чадиевски, задолжен крвната слика да е во ред.
Без поддршката и советите од вас, оптимизмот немаше да биде присутен“, напиша Мерсовска на својот Фејсбук профил. Потоа, во Женски магазин Мерсовска раскажала колку ризичка била нејзината бременост.
– Веднаш штом дознав дека сум бремена заминав во Битола, за да им ја кажам на родителите убавата вест. Но, дента пред да се вратам во Скопје обилно иск варив и ме хоспитализираа во болница неколку дена.
Крварењето го предизвика хематом, кој беше поголем од плодот и според обајснувањето на докторите се јавува и без некоја причина. Ми беше строго забрането движење.
Кога се намали, по два месеци се вратив во Скопје, каде што ми ја водеа бременоста и продолжив со контролите.
Имам и вредена тромбоцитопенија, односно помалку тромбоцити од нормално, па посетував и трансфузиолог и хематолог“, рече Мерсовска.
Мерсовска и нејзиниот партнер Александар Ристовски летото во 2019 година направиле свадба и црковна венчавка.
Според Мерсовска, кога двајца партнери се одлучуваат на заеднички живот и планираат дете, нормално е тие да се грижат за него, да не чекаат помош од други.
Таа вели дека генерациската разлика со родителите знае да доведе до непотребен конфликт и нервоза.
Она што е необично и интересно за Меросвска е што на нејзината свадба, присуствуваше и нејзината ќеркичка Каја, која има 4 години.
Главна гостинка на забавата била нивната ќерка Каја, која тогаш имаше девет ипол месеци.
Уште еден убав повод за веселбата била крштевката на Каја, која Мерсовска и нејзиниот партнер решиле да ја направат на истиот ден со свадбата.
-Заврши свадбата, а ние два дена се опоравуваме. Забавата беше во „Ла Тана- Камник“, мислам дека беше одлична журка, музиката и коктелите ептен завршија работа. Гостите си поминале добро, а ние уште подобро.
На почетокок сакавме да биде само крштевка, но бидејќи и ние не бевме венчани, решивме бракот да го озваничиме и пред Бога, па потоа да се собереме со најблиските и да прославиме“, раскажа уредничката на бизнис вестите на „Сител“ тогаш во Женски магазин.
Освен што ќерката присуствувала на свадбата, Мерсовска била необична и оригинална и по уште едно друго нешто, таа место класична венчаница, облекла панталони.
Не сакав класична венчаница, сакав пантолони, но немав идеја како да изгледам. Затоа побарав совет кај Олгица Георгиева, за која бев сигурна дека ќе смисли креација и модерна и елегентна.
Минатата година,еден од колегите на Мерсовска од ТВ Сител, Зоран Јаневски, објавил заедничка слика со познатата новинарка.
На сликата може да се забележи колку е Мерсовска разубавена.
Ослабена е, има одлична линија и личи на фото-модел. Се гледа дека мајчинството и годи на нашата позната новинарка.
А, сликите на Мерсовска на Фејсбук се главно поврзани со нејзината работа, и сите кои ги објавува се од нејзиното работно место од ТВ Сител, каде што е стокмена и дотерана како за на вести.
Но, на една ја гледаме во различно издание, облечена спортски, во фармерки, во друштво на свои колеги, а ја објавил Сунаи Сабриоски и напишал: Економско-социјална фотографија.