– Мојот сопруг е темелен, трпелив, детален, тивок, одмерен, умерен со точно утврдени цели“, раскажа Снеже Велков за својот сопруг Дарко во едно интервју.
-Па секогаш е тука за да го усмери мојот креативен ум и да ме приземји ако фантазиите ме летнат некаде во нереални замисли, да ја искулира мојата лудачка енергија наутро, да ми прости кога заспивам на сериите навечер.
Ама и да разговара со мене во изнаоѓање на решенија во подобрување на нашата заедничка приказна. Јас сум креативна, тој е практичен.
Јас кратка и јасна тој темелен и детален. Јас веган тој месојад. Јас ниска тој висок. Јас плава тој црн. Јас гласна и насмена тој тивок и сериозен.
Едниот син личи на него другиот на мене. 50-50 сме, мислам фер е“, раскажала нашата позната водителка во едно интервју за Женски магазин, а потоа додала:
Се запознавме во 2005. Нашата приказна почна кога Дарко Велков тогаш млад бизнисмен ми беше гостин во „Ред Хот“, на темата Работа преку лето.
Е, тогаш поверував во љубов на прв поглед… Подоцна дознав дека неговото гостување било договорено со мојот тогашен продуцент, бидејќи Дарко ме видел на телевизија и си посакал да му бидам девојка, не било ништо случајно ни судбинско“.
Снеже објави доста ин спиративен пост за Осми март, и со него всушност си раскажа своја животна приказна која зборува за ТОЈ, а ТОЈ е нејзиниот сопруг, Дарко:
-Не сакам бе да сум жена која може!“, вели Снеже и потоа продолжува на овој начин:
-Не морам, не треба, не умеам, не е правилно, не е логично, и ич не е женски. Сакам бе кога ќе е гужва ТОЈ да оди напред и да ми го расчистува патот.
Сакам бе кога е преполн локалот ТОЈ да ме заштити со телото да не ме туркаат. Сакам бе ТОЈ да му довикне на на келнерот да не морам јас или ТОЈ да се избутка до шанк и да донесе пијачка за двајца.
Сакам бе кога колата е мраз ТОЈ прв да влезе да пушти клима да се стопли па да си влезам на удобно. Сакам кога сум немоќна или растревожена ТОЈ да каже:Тука сум кажуј кој те налути да го теп аме!
Сакам кога ќе се пожалам дека немам што да облечам да рече: Ако јас и го ла те сакам. Сакам кога не ми иде денот, ни чистењето ни средувањето ни воспитувањето да ми рече: Ти треба одмор, дај малку јас да излезам со децата.
Сакам кога ќе се испотресам за некоја случка да ме насмее со некоја глупост неотесана. Сакам ТОЈ да ми помогне со кесите, да ми помогне со куферите, со сметките со трошоците со идеите со предлозите со насоките и со одлуките.
Сакам кога ќе го закачнам да си ги одмериме силите во борба ТОЈ да глуми дека е е немоќен да ме совлада.
Сакам бе ТОЈ да ми наполни течност за брисачите оти сум заборавила, да ми раскажува која сијаличка во колата за што свети и што е катализатор иако до утре пак ќе заборавам.
Сакам бе ТОЈ да ми раскажува за нивните машки местенки и заф рканции а јас да превртувам очи оти не ми е јасно како возрасни мажи се однесуваат како деца а ТОЈ да не престанува да се смее.
И сакам кога знам дека не му е ништо ама се распаѓа на 37,5, ТОЈ во мене да гледа супермен
Сакам бе кога ќе паднам ТОЈ да каже:Еве ти раката, фаќај ја и стануј!Сакам бе ТОЈ да е тука- оти така ќе знам дека сум жена која можам сe“, стои во објавата на Снеже.