Се огласи синот на Еcма од Австрија, кажа од што живее таму и што најмногу го боли за Македонија

0

Музичарот Симеон Атанасов е едно од 47-те момчиња кои ги одгледа легендарната Есма Реџепова Теодосиевска.

Симеон ѝ кој и беше менаџер се до крајот на нејзиниот живот, а минатата година изненади со одлуката да се пресели во Виена, Австрија, заедно со сопругата и децата.

Во повеќе наврати, тој има изјавено дека му е жал што пропаѓа Спомен куќата на неговите упокоени родители, и во гостувањето во „Бекстејџ“ тој ја раскажа целата ситуација.

-Јас кога доаѓам тука се ежам, морам тоа да го кажам, бидејќи во оваа куќа имам огромни спомени, уште кога се вративме од Белград, 90-тата година, уште од темелите, точно знаев што треба да биде тука, и како треба да изгледа.

Сето тоа изгледа убаво, се градеше, ма да пред тоа имавме неккои комплиакции, горе на Водно тоа не се дозволи да се изгради, и тука почна да се гради. Почна добро да се гради, патувавме многу, одевме на многу турнеи..

Јас многу пати викам, многу пати сме работеле ние сите деца без хонорари, за да може ова да се изгради, да остане еден спомен, дом, еден музеј, сето она што Есма и Стево го работеа како брачен пар, и за да можат идните генерации да дојдат и да го вдат сето она што сме го работеле.

И секако ние како деца, од наши мали нозе сме работеле, за да може ова да остане еден ден. Но, за жал, еве што се случува.

Јас се повеќе се разочарувам, и губам некоја надеж, но ете, се борам колку можам, да остане тој спомен на Есма и на Стево..“, изјави Симеон во Бекстејџ.

Есма и Стево- имаме ние страшна приказна за тоа, едно мало девојче како почнало со чистење на скали, како станува ѕвзда од свестки калибар. Значи, тоа е приказна за којашто може да се направи филм.

-Она да сакала да го остави на некој од нејзината фамилија, на Реџепови, она би го оставила тоа. Она да сакала мене да ки го остави најверојатно би напишала во тестаментот- оставам се на мојот син Симеон Атанасов.

Желбата на Есма и на Стево Теодоџиевски од сам почеток беше да се изгради и да остане на Македонија“, рече Симеон во Бекстејџ.

Иако ниту Симеон, ниту пак било кое од децата за кои се грижеше музичкиот пар никогаш не беше легално посвоено од нив, Атанасов секогаш ги нарекуваше Теодосиевски свои родители, објави Фокус.

– Жалам по мојата Македонија во која што сонцето грее многу појако“, изјавил за Фокус Атанасов и исто така кажал за што друго жали, што прави и од што живее во Виена.

-Би сакал спорот околу тестаментот на Есма и Стево Теодосиевски, да се реши што е можно побрзо, за да не биде тој објект руина, затоа што само ние децата знаеме како е градено, и со чии финансиски средства.

Во Виена има се, но го нема нашето сонце и топлината на нашиот народ. Се надевам во некоја подобра иднина ќе се вратам во моето родно Кочани, од каде што тргнав далечната 1984 година – раскажа Атанасов.

– Во Виена отворив музичка продукција, заедно со мојот син, кој што е генерален директор на К1 ПРОДУКЦИЈА, организираме концерти, семинари за балканска музика итн“, додал тој за Фокус.

Претходна статијаВане Mаpкоски ја објави слика со мајка си- личи како да му е cестра, а нe мајка (ФОТО)
Следна статијаЕве што се случува зад камерите на „Ѕвездите на Гранд“, ова е вистинската атмосфера (ФОТО)