На 25 август во Скопје минатата година, по долго боледување се упокои Невена Кочовска, легендарната пејачка на групата „Мањифико“, која го прошета целиот свет и пееше пред видни личности од политиката.
Невена беше сопруга на Панче Кочовски, со кој заедно пееше во овој ансамбл кој настапуваше исклучиво со мексикански песни.
Сестрите Лидија и Тања Кочовски, изминативе години поминува тежок период, исполнет со та га и болка, но и голема борба.
Нивната мајка Невена боледу ваше од Алцхајмер, бол ест која се манифестира со намалување на дневните активности и когнитивните способности, односно моќ на спознавање.
Невена до самиот крај не ги заборавила текстовите кои ги пеела со „Мањифико“, и Лидија знаеше да објави снимка како пее со свијата мајка.
Иако ги заборавала имињата и луѓето, песните ги паметела секогаш.
Во една прилика, во Женски магазин, Тања има зборувано за својата мајка и татко и за тоа како ја доживувала нивната популарност.
– Нормално ја доживував нивната популарност.
Така и ме учеа како мала-како што има луѓе што работат на шалтер во банка, продавница, фирма, така и нивната работа е пеењето-сцената.
Во професијата никогаш ништо не ми било чудно, зашто уште од мала сум се дружела со познати пејачи, глумци кои ни доаѓале и дома.
Значи од мала го живеам тој живот-живот на познати родители. Сите „детски болести“ околу популарноста и професијата ги прележав како многу мала.
Со години бев Тања Мањифико, така ме викаа сите знаејќи чие дете сум, но тоа ме остави приземна и можеби и затоа публиката ја сака мојата искреност.
Најдраги спомени? Ги има илјадници. Кога со часови вежбаа во дневната соба, а и јас со часови ги слушав и затоа ги знаев сите песни.
Кога одев на патување во земјите каде што имаа концерти со мојата тетка (најстарата сестра на мајка ми) со која живеев седум години.
Кога ме носеа на најразноразни фестивали (пример Скопскиот фестивал). Кога во тоа време ми ги испраќаа најубавите подароци од странство, кола на педали и кога ги качив сите мои другари и другарки, веднаш ја искршивме.
Кога летно време „живеевме“ во изнајмена куќа на Хрватското приморје и уште многу други спомени“, изјавила Тања во една прилика.
Лидија Кочовска одржа емотивен и многу успешен концерт во Тетарот за деца и младинци во Скопје, посветен на големата пејачка на „Мањифико“, Невена Кочовска.
-Од една страна, стр ашна бол ка што мајка ми не е присутна физички меѓу нас, од друга страна чувствував гордост и среќа што го правам ова токму за неа и знам, го чувствував нејзиното присуство и поддршка, беше тука, со нас.
Мислам дека кај сите владееа такви емоции, плачевме, се смеевме, игравме, пеевме. Мене ме одржува во живот токму таа помисла, мајка ми би била најсреќна да сме јас, Тања и татко ми секогаш насмеани и среќни“, изјавила Лидија Кочовска.
Најубавиот и најтоплиот момент беше на крајот, кога и нејзиниот татко, легендата Панче Кочовски, заедно со сестра ѝ Тања Кочовска, излегоа на сцена заедно со Лидија, за да ја испеат „Мама Хуанита“, пренесе Женски магазин тогаш.
Нивниот татко, Панче Кочовски добро изгледа- тој е пак насмеан во друштво на своите ќерки Тања и Лидија.
Но, и зетот, актерот Предраг Павловски, сопруот на Тања. Тие биле на заеднички ручек- семејно, на некое убаво место, а Тања го овековечила овој момент.
Тањ објавила слика на нејзииот Фејсбук профил, на која се гледа дека семејството е среќно заеедно, а Панче одлично се држи со поддршка на своите ќерки и на зетот.