Јордан Митев: Не се прави со сила убавина, кога нема љубов меѓу двајцата

0

Јордан Митев Како автор досега има напишано доста голем број композиции кои што некои од нив се наградувани во Македонија

-За овие години созреав и како пејач, и како човек. Почнав од 19 години и замисли како е да почнеш на тие години сам и да си од провинција. Не е лесно.

Затоа навистина низ годиниве како еволуирав како човек и како маж, така еволуирав и како пејач. Кога гледам што сум правел пред 10 години смешно ми е.

Но, такви биле годините, такво било размислувањето, сум мислел дека така треба и секогаш сум се трудил да бидам оригинален.

Да ми рекол некој пред 10 години дека ќе правам песни како што е „Жена за 100 години“, „За тебе“, „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“ немало да поверувам.

Денес мерило за успешна песна се прегледите а според тие е одлично. А прегледите за фолкери се многу мали. Медиумите многу малку пуштаат фолк музика.

Тешко е фолк песна да стане хит за еден месец, потребно е време. Но, сметам дека на фолк сцената треба нешто свежо и нешто да се менува.

Нека има примеси на фолк но треба промена и во имиџ и во визуелизација, треба нешто модерно. Времето на аматеризмот е поминато. На нашата сцена недостасува квалитет и сите ние треба да си го признаеме тоа, изјави Митев во една прилика за ММС.

Јордан Митев, со успех опстојува на македонската сцена веќе долги години и има испеано доста песни кои се големи хитови и се пат кај нас и во дијаспортата.

Јордан Митев е роден на 13 август 1986 година во Радовиш. Потекнува и живее во Подареш. Основното образование го завршил во родното село, а подоцнежното образование го продолжил во Радовиш.

Средното образование го продолжил во музичкото училиште во Штип. Свири на повеќе инструменти, како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас.

Веднаш по своето средно образование продолжува на факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот, „Музичка теорија и педагогија со народни инструменти”.

Таму ги поминал наредните четири години каде што имал прилика да учи, соработува и собира искуства од голем број познати професори и музичари.

Еден од најзначајните меѓу нив бил Драган Даутовски, од кој што Митев собрал големо искуство.

Во една прилика, на ТВ Сител раскажа за тоа дека многу патувал и имал навистина брзо темпо на живот. „За три години, 12 пати бев до Австралија, три пати во Америка, а за Европа не можам да избројам“, рече Јордан кој потоа ја спомна неговата сопруга Славица што ја запознал во Австралија.

-Многу сум и благодарен што ме поддржува и што ме трпи. Кој друг би ме трпел со вакво темпо?“, раскажа Јордан Митев.

Јордан на Фејсбук објавил дека напишал една интересна приказна, која оди вака: „Како добро јас се чувствувам, ваква не сум била одамна.

Ќе се средам, ќе се дотерам, после тебе јас сум слободна. Не се прави со сила убавина, ако нема љубов меѓу двајцата. Доста ми е, вртам нова страница…“, вели песната која ја напишал Јордан, а јаа пее неговата згодна колешка Зорица.

-Почитувани, со задоволство ви ја претставувам втората песна која што ја работев за Зорица насловена “Слободна”.

Видеото е работено во соработка со “Арт продукција” од Скопје“, напишал Јордан на Фејсбук, а песната можете да ја слушнете ТУКА.

Претходна статијаПеро Камиказа се пофали со своето богатство, еве кои највредни нешта ги поседува
Следна статијаДевојка му се онеcвеcтила кога ја однел во банка да го земе хонорарот од само една песна- му рекле дека толку пари немаат да му исплатат – животот на екс ЈУ пејачот