Снеже Велков во својата нова емисија „Нешто конретно“ во која беше гостинка и Ирена Спасовска, ја праша дали верува дека сите имаме некоја своја половина во животот, и што е со оние кои не ја бараат, туку чекаат самата да си дојде.
-Па добро, јас не сум баш активна на тоа поле. И само за љубовта, би сакала да кажам дека овој пат ќе почекам. Ако треба да дојде, ќе дојде. Ако се појави некој што мисли дека може да ме освои, нека повели.
И нормално ние сме тие- жените кои имаме доста додворувачи, но ако сметам дека е тој вистинскиот, секако дека ќе му дадам знак. Па да, не сум баш многу активна на тоа поле, морам да кажам.
-А, она другото што вели- пушти го едниот да си отиде, а ако бил за тебе ќе се врати. Ти го пушти тој едниот да си отиде, рече Снеже и тука најверојатно мислела на Орце Гелевски.
А Ирена на ова одговори: Па, јас обично тој едниот што го пуштам, не сакам ни да ми се врати. Значи, не чекам. Ако бил мој немало ни да го пуштам. Затоа го пуштам, и нека си го најде некој друг.
Ако е нешто вредно, ќе го задржам за себе, ако не е, го пуштам и нека оди“, одговори Ирена Спасовска во емисијата со Снеже Велков, „Нешто конкретно“.
Ирена Спасовска за себеси вели дека по природа е бо рец, и работи од својата 16-та година.
„Како самохрана мајка овие години за мене и Тамара се трудам да обезбедам пристоен живот“, изјавила пејачката, која е 30 години на естрадата.
Ирена вели дека секогаш кога оди надвор од Македонија, тоа е преубав спој на работа и прошетка, а шопингот е неизбежен.
-Да, има попусти на одредени работи но јас за што се фатив баш тоа немаше попуст хаха.. Си купив неколку парчиња и секогаш гледам да бидат квалитетни, удобни и функционални.
Одамна не се лажам по попусти бидејки тогаш човек купува и што му треба и не треба. Присталица сум на две или три парчиња квалитетни и да знам дека ќе ги носам“, кажа Ирена во една прилика, кога ја посетила Италија.
-Во времето кога јас почнував се почнуваше со оние стари, македонскии песни, но јас кога почнав на 14 години во тоа време беше срамно да се каже дека пееш народно.
Почнав забавно и набргу видов дека забавното некако не ме влече, и почнав од 15 години да си снимам народни песни.
Ирена објавила слика од некое егзотично летувалиште каде што одмара, комплекс со базен и ги облече нејзините омилени жолти купаќи кои најдобро и го истакнуваат деколтето.
Потоа ја објави оваа порака: Кога си среќен и сонцето трча по тебе“, напиша Ирена, а под сликата доби само пофални коментари дека прекрасно изгледа.
Спасовска во една прилика објави слики од себеси како ужива во разубавувањето, на козметички третман, масажа на лицето со маска. Во објавата, таа се пофали дека нејзиното лице изгледа убаво и без шминка.
Путер лице без грам шминка. После одмор, третман за враќање на сјајот и еластичноста на кожата на лицето. Дермоабразија, со масажа и лимфна дренажа за исфрлање на непотребните тецности.
Серум и хеулорон за потхранување на кожата“, објасни Ирена во една прилика, а потоа рече:
„Некои жени стареат како кондури, а некои како вино“. Инаку таа во последно време доста патува и со тоа си го исполнува својот сон, да ужива во секој момент од животот.
Сега, Ирена повторно објави слики од тоа како се разубавува, но овојпат отишла да ја средува косата во салонот Афродита С, кој Ирена постојано го споделува. Ирена на видеото кое го објавила нема ни грам шминка, а ни брчки на себе, што значи дека пејачката многу се негува и затоа изгледа вака убаво.
На видеото Ирена изгледа многу опуштено, и се гледа дека ужива додека ѝ ја средуваат косата, а во описот напишала за квалитетот и колку ѝ држи фризурата: „Коса мека како свила и 1 недела сум средена.“