Еве што направи Јордан Митев среде Скопје, ова го може само тој (ВИДЕО)

0

Нашиот фолк пејач Јордан Митев во едно интервју има изјавено дека смета дека има неколку навистина успешни песни кои ги има испеано.

-Некои песни созреваат брзо и стануваат слушани во моментот на нивото издавање. На некои пак им треба време и прав момент.

Некогаш тој прав момент песната може го чека со години, како што е примерот со песната Ај што мерак имам бабо која е стара радовишка песна.

Оваа песна од секогаш се пеела во радовишкиот регион, но кога јас ја обработив песната доби друга диманзија. Тоа не е пример само со таа песна, има многу песни што оживуваат дури по 10, 20, 30 па и повеќе години од нивното создавање.

Зошто е тоа така, немам точен одговор. Едноставно некогаш коцките се местат, а некогаш не, колку и да е песната добра. Нема дефиниција за хит.

Понекогаш тоа е и среќа затоа што ете така треба да биде. Како изведувач и комплетен автор, јас се потрудив и се трудам да направам квалитет, барем според моите критериуми за квалитет.

Што од тоа ќе се издвои и ќе стане песна за повеќе години и повеќе генерации ќе видиме, времето и публиката ќе покажа“; кажал Јордан во интервју за muzichkiregistar.com

Значаен број песни се производи за корисниците (слушателите), поточно за животни ситуации на луѓето што тие ги прославуваат.

Тоа се ситуации како свадби, крштевки, слави и други веселби.

Некогаш тоа се песни со кои се поистоветуваат нашите работници во странство или иселеници кои доживуваат носталгични чувства.

Трета категорија на фолк песни се оние патриотските“, стои во едно од прашањата во ова интервју, а Јордан на ова искоментирал:

– Јас ги имам опеано сите од наведените теми. Тоа сето во едно претставува македоснки менталитет и сензибилитет.

Имам правено и снимано доста музички комбинации, од традоционални инструменти што се темелот и основата, па се до денешниот, така да го наречам модерен звук што е малку поблизок до увото на помладата публиката.

Мене ми се омилени сите теми и во сите теми го давам својот максимум на емоција, енергија и знаење“, кажал Митев во интервјуто.

– Се трудам да бидам во тек со времето. Знаете, за да опстои еден професионалец, да биде успешен и да живее од својата професија, мора да постави одредени стандарди и правила на игра“, изјавил Јордан.

Митев на својот Фејсбук профил објави вести, дека за Велигден, тој ќе пее во Швајцариоја, а ова гои израдува нашинците, неговите обожаветли од таму.

Митев исто така најави и дека се подготвува ново видео за пејачката Зорица- песна кој тој ја напишал за неа и таа наскоро ќе се слушне.

Едно видео које е шарнате кај него на Фејсбук, покажува што направил Митев среде Скопје. Имал настап во еден ресторан, и било весело како за Нова година.

Сите биле на нозе, играле и пееле, а ваква атмосфера може да направи само тој.

Обично сме навикнати да гледаме вакви видеа од нашите пејачи од настапите во дијаспората, но ова се случило во Скопје.

Претходна статијаАлександра Мијалкова кажа искрена приказна за гест на нејзините синови, а ја спомена и снаата, сопругата на Јордан
Следна статијаЕве колку пари потроши Марија Шерифовиќ за само една вечера во Дубаи, а мајка ѝ за само една тегла благо даде исто така „солена“ сума