На поочетокот од овој месец, познатиот актер Игор Џамбазов објави дека за жал, тој повеќе не е со неговата голема љубов, алпинистката и уметник Илина Арсова.
За крајот на нивната љубов, Игор за првпат зборуваше во „Слободен печат“, и вели дека виновник едноставно не постои. Илина пред неколку месеци замина во Америка на докторски студии, а далечината помеѓу нив си го направила своето.
Со гордост зборувал за она што го научил од Илина, како и за својот покоен татко, маестро Александар Џамбазов, кој е нераскинлив дел од секој негов ден.
Друштво му прави неговата мачка Емилија, но и пријателите, кои му доаѓаат на ексурзија во кумановскиот крај каде што сега живее.
– Исто како во „Бестрага“. Сите приказни исти се, тажни ко оваа“.Сите големи љубови се тажни, но јас сум возрасен човек и научив да се справувам со сѐ.
Ги молам сите оние што нѐ сакаа и ја подржуваа нашата љубов, да не бараат виновници. Виновник за сето ова не постои. И понатаму сакам да продолжите да ја поддржувате Илина во нејзините акции, бидејќи таа е една посебна жена со која имав привилегија да бидам скоро три години.
Од неа научив многу, а некои нејзини совети ќе ги користам до судниот ден“, изјавил Игор. Илина пак, за својот живот во Тенеси,Америка, зборувала во Женски магазин и рекла:
-Јас одамна ги завршив студиите кај нас. Имено магистрирав во 2008 и токму затоа ова не беше лесен чекор. Додека студирав бев навистина задоволна и од студиите кај нас, иако не сум сосема во тек како се денес.
Овде забележувам доста разлики во структурата на часовите, следиме многу обуки во однос на методологијата и мерки за заштита на податоци.
Технологијата и како се опремени училниците веројатно е најнапредната разлика меѓу нашиот и овдешниот систем.
Динамиката на часовите исто така е различна, домашните задачи се доста креативни и интересни. Најнапред мислев дека ќе може барем дел од тоа да оди он-лајн и да не морам да бидам физички присутна, но со позицијата како професор со полу работно време, по сè изгледа дека целото време ќе треба да сум овде.
Тоа се само неколку позиции на нашиот оддел и Универзитетот навистина многу вложува во нас. Сега сме пред самиот крај на првиот семестар што е добар знак ,бидејќи сите велат дека првиот семестар е најтежок.
Инаку јас сум докторант на одделот за Кинезиологија и Спортски Студии, а ме интересираат родови науки во спортот како и социо – културниот аспек на спортот.
Тука некаде успевам да го поврзам спортот со уметноста- моите две досега најмногу изучувани области.
– Убавините на Македонија секојдневно им ги претставувам и на колегите и на студентите. Некои од нив веќе сакаат да дојдат во посета.
Повеќето од нив не беа многу запознаени со Балканот, што воопшто не ме изненади знаејќи дека нивната географија е најмногу фокусирана на САД и Канада, додека пак патувањето надвор не им е јака страна.
Имам пријатели со кои се дружам, сепак незаменливи се пријателите од дома, оние со кои си растел и пораснал, пријателите од основно, средно или факултет, од кои многумина се исто така некаде по светот.
Со нив останува виртуелната врска, а во однос на дружбите во живо, навистина ми недостасува социјалниот живот од Македонија. Сепак морам да кажам дека некои пријателства овде нависина ми помогнаа да се прилагодам, и нивната секојдневна грижа ме прави да се чувствувам дека имам закрила и постојана поддршка.
Таква ми е на пример врската со мојата долгогодишна пријателка Нина, од Канзас Сити, која не пропушта ден а да не ме провери како сум, и како се снаоѓам.
Пресреќна бев и да запознаам уште неколку Македонки во околината, од кои едната, Александра е на истиот Универзитет во понапредна фаза од нејзините докторски студии.
Тоа навистина многу значи, ако ништо друго барем од време на време да си направиш муабет на мајчин јазик“, рекла Илина за Женски магазин.
Илина објавила една слика на стори на кои вели дека пропуштила неколку дена, но пак се вратила на старите навики за вежбање. Таа е сликана потпрена на ѕид со нозете, меѓу кои има перница и прави доста тешки стомачни вежби.