Силви од „Силви бенд“, емотивно се присети на својата мајка, овој доктор од Скопје многу и помогнал

0

Ќерката на Силви и на Влатко Плевнеш, Деа Делина е нивната најголема поддршка и најголема гордост, а за неа медиумите доста се интересираат иако таа многу се не експонира.

Деа беше гостинка, но и соработник на промоција на новиот албум на „Силви бенд“, „Како во сон“ која се одржала на крајот од минатата година.

Деа на видео бим го пушти новиот спот на Силви и Влатко за темата, „Ја излези стара мајко“, преработката на македонската народна песна“, објави Женски магазин.

Среќна и задоволна, таа позирала со своите родители, и кусо изјавила: Супер им е албумот.

Иако е медиумски помалку експонирана, Деа е исто така музичар, перкусионист и вокал, а своето музичко знаење го има стекнао во Холандија. Исто така, интензивно се занимава со јога.

„Силви бенд“, раскажале приказна за својот упокоен пријател Драган Вучиќ, кој всушност ја има напишано нивната најпозната песна.

На албумот повторно ја преработивме „Ангели нѐ носат“, во чест на нашиот Драга Вучичќ кој ја напиша музиката. Оваа песна нѐ дефинираше нас како дуо“, рекла Силви и побарала аплауз за упкоениот музичар и водител кој се упоки на 4 мај во 2020 година.

Влатко и Силви Плевнеш на музичката сцена се 30 години.

Инаку „Ја излези стара мајко на пенџерето”, песна за која Влатко е емотивно врзан бидејќи раскажува приказна за девојка што во турско време живеела во неговата семејна куќа во Охрид.

„Песната има интересна историја, поврзана лично со моето семејство, а собата што се споменува, од каде што девојката го гледала Осман-бег како оди по калдрмата, е истата онаа соба каде што спиеме со Силви кога одиме кај моите во Охрид”, раскажал Влатко во една прилика за Репортер.

Приказни имаат многу. Но, малкумина знаат дека пред да почнат да пеат заедно, Силви и Влатко биле две години во врска.

Во тоа време Влатко свирел во групата „Тао” со најголемите ју-ѕвезди, Здравко Чолиќ, Вајта…, а Силви секаде патувала со него.

„Тоа време, кога одевме на турнеи низ Југославија, за мене е едно од најубавите во животот. Со Влатко уживавме и во патувањата и во љубовта”, се сеќава Силви.

Таа открива дека се запознале на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Таа дошла на студии од Ниш, а тој бил втора година.

„Цело време беше околу мене, каде и да се свртам, ќе се појавеше од некаде”, вели Силви, а Влатко додава:

„Ја бркав една година. Во неа беа заљубени сите студенти, па и професорите се вртеа по неа. Полесно ќе ми беше да го освојам Монт Еверест”, се шегува тој.

Иако се во брак речиси три децении и ја имаат ќерката Деа, која е музичар, на почетокот на врската не им било воопшто лесно.  Се соочиле со пред расуди, најмногу од семејството на Влатко.

„Само поради неговата упорност, но и затоа што мојата добрина ги смири, не дозволивме никој да ни ја уни шти врската”, вели Силви, која во тој период храбро се носела со сите предизвици по тоа прашање.

Никој не може да ги смени луѓето, но нивната врска, љубов, семеен живот, покажаа во овие три децении дека Силви има квалитети на кои секој може да и завидува – без оглед на корените.

За односот со свекрвата денес, за навр едите што ги трпела како дете, но и за советите од мајка си како да се издигне над ситуацијата, Силви зборува со многу емоции.

За Репортер, Силви раскажала и за ќерката Деа, првите живи свирки во Скопје, како за тоа како им е кога ќе се ска раат на минута пред настап…

Таа на својот Фејсбук споделува делови од својата музика, и известува за јога предевањата кои се случуваат кај нас и кои таа ги посетува.

Силви се сетила на една приказна, нејзина, и доста лична. Станува збор за нејзината мајка од Ниш, која починала пред седум години, а ја раскажала во Женски магазин.

– Мојата мајка често нè посетуваше во Скопје, а една средба пред седум години никогаш не можам да ја ибришам од мислите. Таа доаѓаше и претходно кога Деа беше мала да ја чува, а потоа секогаш кога можеше.

На мајка ми наеднаш ѝ се сло ши, а подоцна дознавме дека имала мал моз очен уд ар. Во таа ситуација, со Влатко се договоривме дека е најдобро да добие бол ничка нега во Ниш, поблиску до нејзиниот дом.

Сакавме што покоро да ја превеземе во Србија со болничко возило, но долго време не можевме да најдеме, вртевме телефони по повеќе болници.

Тогаш многу ми помогна нашиот пријател, д-р Емил Угриновски, кој за само 45 минути откако му се јавивме обезбеди болничко возило, и заедно со мајка ми заминавме за Ниш“, се присети Силви, но за жал една недела потоа таа ја загубила мајка си, во нивниот град Ниш.

Претходна статијаСаша Поповиќ отворено кажа зошто познатиот пејач искеширал 50.000 евра- за него плаќала тогашната негова девојка
Следна статијаЖивееше во Англија, се врати дома и сега роди ќерка – нашата топ манекенка има приказна за книга