УБАВА ВЕСТ: Еве за колку ќе се ЗГОЛЕМАТ ПЕНЗИИТЕ и МИНИМАЛЕЦОТ од март!

0

„2022 година беше година на предизвици и справување со последиците од глобалната економска и енергетска криза. Благодарение на навремените и ефикасни мерки преземени од Владата предводена од СДСМ, успеавме да го заштитиме животниот стандард на граѓаните и да им помогнеме на компаниите“ рече на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Оваа 2023 година ќе биде година на економски пресврт во која ќе продолжат успешните мерки и политики велат од СДСМ најавувајќи ново зголемување на пензиите и на минималната плата во првиот квартал.

„Веќе во март месец, следува покачување на пензиите помеѓу шест и седум отсто за сите 330 000 пензионери. Создадени се услови за ново зголемување на минималната плата за 10 отсто со што таа ќе изнесува безмалку 20 000 денари.

Тоа ќе придонесе за усогласување, односно раст на платите во сите сектори“, рече денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Новата минимална плата ќе изнесува речиси 20 000 денари, а премиерот Ковачевски пред една недела рече дека смета оти домашната економија може да одговори соодветно на новите зголемувања

Оваа 2023 година ќе биде година на економски пресврт во која ќе продолжат успешните мерки и политики велат од СДСМ најавувајќи ново зголемување на пензиите и на минималната плата во првиот квартал.

„Веќе во март месец, следува покачување на пензиите помеѓу шест и седум отсто за сите 330 000 пензионери. Создадени се услови за ново зголемување на минималната плата за 10 отсто со што таа ќе изнесува безмалку 20 000 денари.

Тоа ќе придонесе за усогласување, односно раст на платите во сите сектори“, рече денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

За економскиот раст во земјава, според владејачката партија, ќе придонесат и 800 милиони евра кои со Буџетот за 2023 се предвидени за капитални инвестиции.

„Активно се работи на привлекување нови странски директни инвестиции кои отвораат нови добро платени работни места кои ја намалуваат стапката на невработеност.

Во новата 2023 година продолжува и поддршката за граѓаните за справување со последиците од кризата, за што во Буџетот се предвидени 250 милиони евра за нови антикризни мерки“, додаде Кузеска.

Најавеното покачување во март годинава следува откако во текот на 2022 беа донесени законски измени и нови методологии за раст на минималната плата и на пензиите.

Претходна статијаМирослав Илиќ скршен од болка: За прв пат после 22 години едно лице не беше на неговиот концерт
Следна статијаНикола првпат проговори околу враќањето во Македонија!