Славчо Попоски најави нов ПОРАСТ на температурите до 15 степени – Еве кога!

0

Наутро во котлините ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Како што информираат од УХМР, во Скопје наутро ќе биде магливо, а преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Денеска во текот на денот ќе има повеќе сончеви периоди, а од почетокот на следната седмица ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време. Температурите ќе бидат во пораст и ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, само на планините ќе бидат од снег.

– За време на овој викенд во Македонија времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Денес ќе има услови за локални слаби врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе провејува снег. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени.

Во текот на следната седмица и тоа под влијание на циклонска активност од запад и изразено јужно воздушно струење температурите ќе бележат тенденција на ПОРАСТ и истите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат дури и над 15 степени.

Ќе има и повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а ќе дува и засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Услови за врнежи од снег ќе има само на највисоките планини на запад.

Во Скопје и околината исто така во текот на следната седмица очекуваме поголема промена на времето која ќе биде проследена со засилен јужен ветер, повремени врнежи од дожд и значително повисоки температури на воздухот кој ќе се искачат до околу 15 степени.

НАПОМЕНА : Температурите кој ги очекуваме во текот на следната седмица ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО над просекот за овој дел од годината, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Претходна статијаНикогаш позгодна – Лејла Рамковска ги потспушти хеланките и покажа како се извајала (ФОТО)
Следна статијаСЕ ОГЛАСИ МАЈКАТА НА ДУШКО – Еве како реагираше на веста за разводот со Јелена