Еден од нашите најпознати боди-билдери, Тоше Зафиров, деновиве е во Канкун, Мексико, а претходно беше во Лас Вегас, Невада, на годишниот натпревар Мистер Олимпија.
Ова е најпрестижното натпреварување во овој спорт, во светски рамки, а Тоше Зафиров и неговата сопруга се редовни учесници последниве години.
Тој пред неколку дена, на својот профил на социјалните мрежи, објави дека е на добар пат да стане Холивудски актер:
„Случајна средба со еден од најдобрите глумци во Америка Steve Austin при што заедно снимавме интересно шоу на кое што после снимањето ми беше предложено од неговиот менаџерски тим да учествувам во неговиот следен филм.
Потпишавме предоговор на кој што има неколку услови кои што морам да ги исполнам(течно познавање на нивниот јазик и сл ).
Се надевам наскоро Македонија ќе има на некој со кој што ќе може да се гордее на големите филмски платна“.
Ова го напиша Тоше Зафиров, на својот профил на социјалните мрежи, а останува да видиме дали неговата желба ќе се оствари.
Инаку Тоше Зафиров остана запаметен по емотивната реакција пред неколку месеци, кога нашата преставничка на Евровизија, го фрли македонското знаме.
„Да го фрлиш вака Македонското знаме ,да си ја понижиш сопствената држава , да искажиш вакво непочитување едноставно не заслужуваш да ја претставуваш држвата.
Сум излегол безброј пати на бина со Македонско знам секогаш сум внимавал како и каде ќе го оставам ,секогаш ќе го бакнев Македонското знаме па ќе го оставев како што доликува на знаме за кое што згаснале многу животи.
ЗА МЕНЕ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ Е СВЕТО НЕШТО. ДО КОГА САМИТЕ ЌЕ СИ ЈА ГАЗИМЕ СОПСТВЕНАТА ДРЖАВА ,СОПСТВЕНОТО ЗНАМЕ!“, напиша тогаш Зафиров, а денес ги потврди овие зборови.
Тој денес објави серија видеа и фотографии од Лас Вегас, а на ОВА, објасни што значи за него, македонското знаме!
„Што и да се случи на ова натреварување јас се победив самиот себе ова е мојата животна форма.
Трењирав рамо до рамо со најдобрите Атлети од целиот свет, најдобрите професионални Мр Олимпија Атлети и навистина се осеќав гордо што можев достојно да стојам до сите нив.
НАВИСТИНА СЕ ОСЕЌАВ ГОРД МАКЕДОНЕЦ ДОЈДЕН ОД ЕДНА МАЛА ЗЕМЈА НО ЗЕМЈА СО ГОЛЕМИ
СПОРТИСТИ,АРТИСТИ,ЗЕМЈА НА ЛУЃЕ СО ГОЛЕМИ СРЦА. БЛАГОДАРНОСТ ДО СИТЕ НАШИ МАКЕДОНЦИ КОИ ШТО ЖИВЕААТ ВО ЛАС ВЕГАС И НЕСЕБЕЧНО НИ ПОМАГАТ.“
Тоше Зафиров денес со нова рекција на својот профил на социјалните мрежи, под која постави и фотографија и објасни како се сака државата:
„Да кажеш дека си МАКЕДОНЕЦ далеку од дома далеку од МАКЕДОНИЈА требе да почуствуваш топлина во својата душа ,да осетиш гордост длабоко во себе затоа што припаќаме на библиска земја ,затоа што таа земја ни го дала НАЈ СВЕТОТО НЕШТО ” СЕМЕЈСТВОТО ”