Пред малку се огласи Др. Жан Митрев, ги спомена и ИРЛ и ги изненади сите – Ова никој не го очекуваше!

0

ИРЛ во документарниот филм „Нечиста крв“ обелодени сведоштва на семејства на КОВИД пациенти врз кои била применувана методата хемофилтрација (филтрација на крвта) без да знаат дека се предмет на клиничко испитување.

Хемофилтрацијата, доктор Митрев, ја рекламираше како единствен спас за лекување од корона вирусот, а услов за лекување на пациентите беше авансно да уплатат 12.000 евра за да бидат хоспитализирани во клиниката. Клиничките студии кои се вршеле во болницата не се пријавени во државната Агенција за лекови – МАЛМЕД.

ИРЛ во сторијата откри и дека болницата на доктор Жан Митрев за време на пандемијата, не пријавила ниту една интрахоспитална инфекција во Центарот за јавно здравје иако била законски обврзана да го стори тоа.

Семеjствата на пациенти кои се лекувале велат дека во болницата имало многу интрахоспитални инфекции кои биле кобни по животите на нивните најблиски. И во самите студии објавени од клиниката „Жан Митрев“ се наведува дека имало присуство на опасни бактерии кај поголем дел од пациентите.

По документарниот филм „Нечиста крв“ голем број граѓани секојдневно носат преставки до Лекарската комора со барање за ревизија на КОВИД лекувањето во болницата Жан Митрев, но и за други приватни и државни клиники.

Поради опасност од бегство на д-р Жан Митрев му е одземен пасошот. По барање на обвинителството судот ја прифати мерката за да се обезбеди неговото присуство во текот на истрагата која се води за него. Жан Митрев беше на распит во обвинителството, по што надлежниот јавен обвинител Гаврил Бубевски нареди истрага против него.

Доколку се докаже делото за кое се сомничи на д-р Жан Митрев му прети затворска казна од 1 до 10 години.

Во новогодишна честитка објавена на социјалната мрежа Фејсбук, д-р Жан Митрев вели дека денеска е ден за простување, а дека минатата година ИРЛ му нанеле многу неправда, како што вели со „организирана пропаганда и ширење невистини преку јавни медиуми“. Во описот на објавената фотографија потенцира дека ја повлекува тужбата што ја поднел против ИРЛ.

„Простување

Денес е ден кога Христос се роди.

Денес е денот кога се родила надежта дека доброто ќе го надвладее злото.

Денес е денот кога се што ни се случило лошо сакаме да го заборавиме.

Денес е дденот кога на сите им посакуваме само добро.

Денес е ден кога им простуваме на сите кои ни направиле лошо.

Минатата година ИРЛ ми нанесоа многу неправда со организирана пропаганда и ширење невистини преку јавни медиуми. За тоа поднесов и тужба против нив“.

Целта не ми е да се тужам со медиумите, туку да ја докажам правдината.

Но, за се што сториле Бог нека им суди.

Јас им простувам и тужбата ќе ја повлечам

За многу години“, пишува Жан Митрев на ФБ.

Претходна статијаНајтажниот Божиќ во домот на Ацо Пејовиќ, солзите сами капат, семејството е покрај него!
Следна статијаВака изгледа втората ќерка на Гоце Арнаудов, Харита – еве колку многу таа го сака татко и (ФОТО)