Попладнево најпрвин во западните, а во текот на ноќва и во останатите делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, каде што ќе се формира нова снежна покривка, најавуваат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.
Наместа врнежите ќе бидат со пообилен карактер (локално над 20 л/м2). Од утре попладне врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места со послаб интензитет.
Утре и во среда ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Во среда и четврток ќе преовладува променливо облачно и студено време со повремени слаби локални врнежи претежно од снег.
И во Скопската Котлина во текот на ноќва и утре ќе има повремени врнежи од дожд. Утре и во среда ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Денес попладне и навечер и тоа под влијание на влажен воздушен бран од запад ќе има врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе започне да дува засилен ветер од југоисточен правец, прогнозира Славчо Попоски.
Поради продорот на постуден воздух од север, снежната граница во вторник попладне, навечер како и во текот на ноќта кон среда понекаде ќе се спушти под 1000 м.н.в, со што врнежи од дожд и снег, или мокар снег ќе има и во некои пониски населени места.
Денес ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, кој во вторник попладне и навечер че го промени правецот во северен и ќе биде ЗАСИЛЕН по интензитет.
Поради засилениот ветер, КОНЕЧНО ќе дишеме ЗНАЧИТЕЛНО ПОКВАЛИТЕТЕН воздух низ котлините, вклучувајќи ја и Скопската котлина, што значи дека се очеку ГОЛЕМО РАСЧИСТУВАЊЕ на воздухот.
Температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат и конечно ќе имаме постудени денови – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Врнежите ќе продолжат и во вторник а поради спуштање на постуден воздух од север, кон крајот на денот и навечер услови за провејување на снег ќе има и на некои места со надморска височина од под 1000 метри.
Ќе започне да дува умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието.
На планините ќе се формира и снежна покривка а температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат, што значи конечно ќе имаме постудени денови како што доликува за овој период од годината. Проврнување на дожд и снег ќе има и во среда.