Ист како татко му – ова се синот и ќерката на Гоце Тодоровски (ФОТО)

0

Македонските приказни не можат да се замислат без Гоце Тодоровски, еден од најпознатите наши актери.

За него и а повозрасните колеги, помладиот колега Владо Дојчиновски во една прилика, во интервју за Црно- бело рече:

-Го завршив факултетот кај што според мене се учи основата на актерската игра, а имав среќа да работам со големи и искусни актери кај нас, прифатени и наградени за тоа што го правеле (Шенка Колозова, Ванчо Петрушевски, Гоце Тодоровски…)

И благодарение на тоа несебично ќе кажам дека покрај овие искуства, а и, ете според мислењата на овие мои колеги, јас веќе успеав да ја работам мојата професија на начин каков што ја работеле тие.

Од градењето на ликови, правењето на производот до блискоста кон публиката и многу се радувам што тоа го правам баш така“, рече Дојчиновски.

Македонски народни приказни се екранизација на голем број на македонски народни приказни собрани од собирачите на народни умотворби (Марко Цепенков, Кузман Шапкарев и други).

Овие кратки ТВ епизоди беа снимени од страна на ТВ Скопје, подоцна од МТВ во перидот од раните 80-ти, па сè до 2003 година.

Некои од старите глумци беа дел и од новите сезони снимани во продукција на МТВ, Сител, А1 и Канал 5. На 7 октомври 2009 година започнало снимање на нови делови на серијалот.

Режисер на првите 10 нови Македонски народни приказни е Миле Грозданоски, додека сценарист е Шенка Колозова.

Понатака режирањето ќе биде препуштено и на други режисери, меѓу кои и Љупчо Билбиловски. Снимњето е под капата на МТВ и дел од приказните се засновани на македонските приказни собрани од Марко Цепенков.

Во новата сезона Македонски народни приказни учествуваат голем број на глумци од старите делови, како и нови македонски глумци.

Првата епизода од новите македонски народни приказни снимани од МТВ се вика „Грнчарот“ и се снимала во едно од студијата на МТВ.

Останатите епизоди се снимани во околината на Скопје, како на пример: во дворови во Скопска Црна Гора, кај Св. Пантелејмон, во селото Нерези, во селата Добри Дол и Соње, во Куршумли ан, како и во студијата на МТВ.

За кариерата на Гоце се знае многу, а за приватниот живот многу помалку. Тој е долги години во среќен брак со Тања, ја има ќерката Сашенка, која е среќно мажена и често на социјалните мрежи објавува слики од својот сопруг.

Но, Гоце има и син, кој верувале или не се вика исто како и татко му, Гоце Тодоровски.

Во една прилика, актерот раскажа дека кога го пријавувал синот во матично, жената која работела на шалтер била многу изненадена кога го прашала како се вика, а тој ѝ рекол: Гоце.

Потоа, кога го прашала како ќе го крсти дедето, и тој повторно рекол Гоце, таа мислела дека станува збор за некоја забуна.

А за ќерката Сашенка, Гоце рече дека тој и сопругата сакале ќерката да име необично име кое им се допаѓало а потеклото е од Русија.

Гоце, синот на Гоце Тодоровски кој се вика исто како татко му, не е активен на социјалните мрежи, но од него слики објавува неговата сестра Сашенка.

Таа има посебна релација со својот брат со кој е многу блиска, судејќи спорец сликите кои ги објавила на Инстаграм.

Сестрата и братот се седнати во кафуле и уживаат во друштвото на еден со друг, а на сликите може да се забележи дека и двајцата личат на својот татко, а особено Гоце- тој е плукнат на Гоце Тодоровски сениор.

Претходна статијаКате и Трајче од Соната објавија слика со македонската ФОЛК кралица (ФОТО)
Следна статијаОва кажува СЕ: Сестрата на Душко Тошиќ кажа искрено што мисли за Јелена Карлеуша (ФОТО)