Весна Бејби се отвори, го кажа своето мислење за локалните избори (ФОТО)

0

Весна Бејби Петрушевска, во многу прилики отворено кажува што не ѝ се допаѓа во нашата средина. Таа без вл акна на јазикот, секогаш зборува за власта, за луѓето, за културата на однесувањето.




Во едно претходно интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“, познатата актерка си ја отвори душата. Откри дека ставила крај на љубовната романса и повторно е соло, зброуваше за тешко тиите со кој се соочува една само храна мајка, и за децата, Кирил и Мина.




Иако за овие две ипол децении колку што се занимава со глума повеќепати до сега донела погрешни одлуки, вели дека доколку би имала можност да го врати времето не би променила ништо, затоа што токму тие ло ши избори ја направиле да биде она што е денес.




,,Имав јас некои обиди во животот како тоа да го средам, но мислам дека се уште не се родил тој вистинскиот. Убаво е кога ти се случува некоја емоција која сакаш да ја живееш, но ќе почекам да дојде вистинскиот, ако воопшто некогаш дојде.”

Во бракот како институција повеќе не верува, а признава и дека е поприлично тешко во денешно време да се биде самохрана мајка.




„Јас никогаш нема да се откажам, ниту пак да се покајам за постапката којашто сум ја направила. Не мислам дека треба нешто да се менува од оваа временска дистанца, особено не во мојата професија.




Ова опшество не е толку хуманизирано, за да може да ти помогне као самохрана мајка, да имаат алатки да ти помогнат и да бидат општествено одговорни иснтитуциите. Навистина е тажно што јас морам да работам неколку работи, и тоа малку време што го имам да го посветам на Кирил и на Мина.




Иако јас не мислам дека нешто посебно правам од сите останати родители“, рече Весна во Бекстејџ. Во интервју за Женски магазин таа рече дека никогаш не престамала да се чувствува како дете, а ја подмладуваат децата од нејзината актерска школа.

-Цел живот сум немирно дете.Не застанувам.Вртам, работам, доследна сум посветена и максимално професионална.Последниве неколку години во мојата актерска школа работам со деца од 5-17 годишна возраст. Сонувам заедно со нив. Кога работам со нив, сфаќам дека никогаш не престанав да бидам дете.




-Толку многу ни е затр уено општеството, образованието, што секојдневно се борам да им укажам и да ги потсетам дека е важно да бидат добри и чесни луѓе.Во ова време, тоа е најтешката мисија.

Не сум идеален родител, учам по пат и јас. Живееме во мала и оп асно загор чена средина.Затоа што имаме навика да ги ставаме најважните работи под килим“, рече Весна.




-Имам два силни партнери на сцена: Игор Џамбазов и Тони Михајловски. Не би ги менувала за ништо на овој свет. Пораснавме заедно. Ние сме повеќе од партнери на сцена, фамилија сме. Веројатно ова е љубов за цел живот. Неверојатно е колку тие ме познаваат и колку јас го сакам процесот кога работам со нив“, додаде таа.




Весна на Инстаграм сподели слика од сообраќајниот ха ос кој на Скопје му се случува секој пат кога времето е врнежливо. Таа рече дека гужвата на семафори ја користела да ги разгледа билбодрите за претстојните локални избори и напиша:




„Дождливо. возам и на семафори гледам билборди за локалниве избори. понекреативни и здодевни не сум видела…градот крш“, напиша Весна.“

Претходна статијаСнежана откри се за Цеца и за Саша и кажа за кого навива во кавгите
Следна статијаОва била третата сопруга на Тома Здравковиќ, неговата најголема љубов, еве на каков необичен начин ја запознал (ФОТО)