Урината кажува многу за здравјето – еве што значи доколку е матна, а што ако е густа

0

Изгледот и анализата на урината можат да дадат основни информации за состојбата на метаболизмот и состојбата на генитоуринарниот систем. Рутинската анализа на урина е една од основните лабораториски анализи.




При лабораториска анализа на урината, во предвид се зема опис на физичките и физичко-хемиските карактеристики на урината: изглед, боја, мирис, реакција и специфична тежина, најчести хемиски анализи се анализите за протеини, шеќер, кетонски тела, уробилиноген, билирубин и нитрити и испитување на уринарен талог, т.е. микроскопско испитување на талогот добиен по центрифугирање на урината.




Првата утринска урина се зема во стерилен сад, каде што е неопходна соодветна хигиена на пациентот, и не се зема првиот, туку вториот тек на првата утринска урина. Урината треба да се собере во соодветно шише, кое може да се купи во било која аптека, па затоа треба да се избегнуваат други видови на пакување поради можна контаминација.




Изглед на урина. Нормално: чист изглед. Доколку имате заматена урина тоа укажува на зголемен број на леукоцити, или некаков воспалителен процес, како и габи, бактерии, слуз и сите други елементи што може да се најдат во талогот на урината.

Што покажува бојата на урината? Нормално: жолта боја. Бојата може да варира во зависност од количината на испиена течност – од светло жолта до темно жолта, а исто така е под влијание на зголемена телесна температура, потење, повраќање, дијареа.




Колку е поконцентрирана урината, толку е потемна бојата. Интересно е што розовата боја на урината може да се појави, на пример, кога се кон-сумира поголема количина цвекло или капини.

Темно кафеава урина – укажува на зголемување на билирубинот, што најчесто е знак за оште-тување на црниот дроб, или појава на жолтица. Некои луѓе нормално имаат зголемен билирубин, така што оваа појава на урина е нормална за нив.




Црвена урина – укажува на присуство на хемоглобин, што обично укажува на оште-тување на бубрезите, поради што се појавува кpв во урината (обично камења во бубрезите или песок), но и разни воспалителни процеси, оште-тување на уринарниот тракт и мочниот меур.

pH реакција (киселост на урината). Нормално: киселинска реакција, pH се движи помеѓу 5 и 6. Алкална реакција – најчесто укажува на бактериска инфекција.




Специфична густина. Референтна вредност 1,012- 1,025, варира во зависност од количината на испиена течност и способноста на бубрезите да ја концентрираат урината.

Зголемената густина може да биде знак за дијабетес, хипертензија, нару-шувања на надбубрежните хормони, оште-тување на бубрезите. Исто така, се јавува поради зголемена загуба на вода – повраќање, дијареа, како и висока температура. Најчесто се намалува со зголемена екскреција на урина.




Протеини во урината. При нормален наод овој резултат треба да биде негативен. Позитивен наод може да се појави при зголемена физичка активност или во бременост, кога тоа не е знак за патолошки промени. Појавата на протеини во урината во сите други услови е знак на воспалителен процес.

Гликоза. При нормален наод, овој резултат треба да биде негативен. Позитивен резултат на гликоза во урината главно е поврзан со зголемени вредности на овој параметар во кpвтa (над 10 mmol / L), што најчесто се јавува кај дијабетичари.




Кетони во урината. При нормален наод, овој резултат исто така треба да биде негативен. Позитивен резултат е најчесто присутен кај дијабетичари.

Билирубинот секогаш треба да покажува негативно, како и уробилиногенот. Позитивниот резултат може да биде знак за оште-тување на црниот дроб или жолчката.




Нитритите исто така треба да покажуваат негативен наод. Позитивниот наод е показател за присуство на бактерии во уринарниот тракт. Еритроцитите не треба да бидат присутни во урината. Присуство на едно до две се смета за нормален наод во микроскопско видно поле.

Наодот на позитивни еритроцити во урината укажува на нару-шување во функционирањето на бубрезите или уринарниот тракт, и можен уринарен камен. Овој резултат може да се појави дури и по тешка физичка работа или повреда. Присуство на бледи еритроцити најчесто се знак за неодамнешна инфекција или хронично заболување на бубрезите.




Леукоцити, нормално до 5. Се наоѓаат во талогот на урината кога има воспалителен процес и инфекција. Обично, покрај голем број леукоцити, има и зголемен број бактерии, па во оваа ситуација, се препорачува да се направи уринокултура.

Цилиндрите се форми што се формираат во бубрежните тубули и така ја добиваат својата форма. Позитивен резултат укажува на хронично заболување на бубрезите. Во урината на здрави луѓе може да се најде само т.н. хијалински цилиндри и тоа ретко.

Клеточните, грануларните и восочните цилиндри се знак за патолошки состојби и нивната идентификација е важна за дијагностицирање или следење на текот на болеста.




Сквамозни епителни клетки, нормално е да ги има во мал број кај здрави луѓе. Овие клетки го обложуваат уринарниот тракт. Нивниот изглед во урината во кој било волумен нема поголемо дијагностичко значење.

Присуството на бактерија може да не биде голем проблем, што не мора да укажува на инфекција, туку контаминација поради неправилно земен примерок.

Присуство на кристали и соли треба да биде негативен. Исто така позитивната вредност на уратен аморфен нема посебно дијагностичко значење. Кристали на калциум оксалат, нормално е да ги има во мала количина. Позитивниот резултат не мора да укажува на болест, но може да биде знак за песок во бубрезите.

Кристали на урична киселина. Позитивен резултат укажува на некоја болест на бубрезите. Трикратни кристали од фосфат. Позитивен резултат може да биде знак за бактериска инфекција.

При присуство на слуз во урината, позитивниот резултат нема големо дијагностичко значење. Присуството на габи во урината е најчестиот знак за габична инфекција, а може да се појави кај дијабетичари. Присуството на с прематозоиди најчесто се јавува кај постарите мажи и може да укажува на оште-тување на простата.

Претходна статијаЈелена Спенџарска се отвори и раскажа лични детали за своето минато
Следна статијаХана го запознала Грашо кога имала само 3 години, а сега се во врска (ФОТО)