Огнените ѕве рови ан Дамјана е позната блог страница која ја следат доста луѓе, а своите доживувања ги пишува Снешка Трајковска, македонка која од неодамна, со своето семејство,се преслеи во Германија. Таа многу искрено објавува се за нивниот живот на оваа страница.
Инаку, пред да оди во Германија, ова семејство живееше во едно кривопаланечко село, а во емисијата „Готвиме со Фичо“, домаќинката ги прикажуваше своите рецепти, подготвени од домашно одгледуваната, органска храна.
-Чувството кога ќе се вратиш во старото маало… Комшиката од карши да те изгушка, да ти даде слаткарче да *зафатиш*, да погледнеш кон местото каде што беше куќата на дедо Јордан и неговото куче Линда. Линда секогаш беше врзана на ланец и многу ни лаеше кога одевме да се санкаме на малата стаза.
Да поминеш покрај куќата на другарка ти што се отсели уште кога бевте мали и очите со солзи да ти се наполнат кога ќе го видиш стариот орев покрај кој си игравте и белата ограда со кругчиња.
Да го почувствуваш мирисот на бараката на баба Кица. една од малкуте бараки останати во мојата улица. Мириса на дома.
Да го гледаш багерот како ја ру ши куќата на комшиите, да појдеш до маалското Центро што сега е Тинекс и да ги гледаш новите деца како играат кошарка на старото игралиште.
Таму е и стариот бор. го качував цел до горе. Пораснав јас, пораснал и тој. Уште сме исто. Чувството кога некои нови клинци ќе ти речат:
– Еј, ај дој на баскет….
Сфаќаш дека никогаш не си заминал од старото маало, ни ти, ни твоето детство…
-Напишано 2017…
Со баба Кица се збогувавме пред скоро време. Имаше 98 или 99г. Мозок жилет, енергија додека зборува да ја врти планетава“, пишува на страницата на Огнените ѕ… на Дамјана пред извесно време за старото маало.
Во најновата објава, таа раскажува дека по две години во Германија, тие си купиле нов дом во Германија, две години откако се преселиле во земјата во која има доста Македонци и вели вака:
-13.10.2021, неполни две години како сме дојдени во Германија го купивме нашиот стан, наша нова дома. Чергичето го купив уште пред неколку месеци, беше за новата дома, која и да ја одберевме. важно чергиче имавме!
Како да купив мирис за кола, па после ќе видиме за кола. Не мора сѐ одеднаш. Новата дома е во гратче Нојкирхен Флин, на 4км од мојот најомилен на цел свет МОЕРС. Ама нема Моерс, нема мир!!!
Привезокот го задржувам. Ова со нојкирхен флин не е озбилна врска, само мал безопасен флерт.
Емоции уште не дошле затоа што баграва балканска се откорна од дер ење, трч ање, борење со трескање врати, како од пештера да доаѓаме, па цивилизација да им е ново нешто. Новите комшии нѐ слушнаа… сиротки…
Што рековме, афи он легален е или на цр на листа? За комшиите прашувам, да им олеснам присуство на балканци во германска зграда. Епа, вилкомен цу хаузе.“