Јелена Спенџарска се отвори и раскажа лични детали за своето минато

0

Водителката Јелена Спепнџарска во едно претходно интервју за „Бекстејџ“ исто така откри како сака да изгледа нејзината сопствена свадба.




„Кога ќе ме прашаат дали сакам традиционална или модерна свадба, јас би сакала мојата свадба да биде со помал број на луѓе, да си направиме некоја забава. За фустанот имам идеја и отсекогаш сум знаела што ќе носам.




Мојот фустан ќе биде многу светкав и не сакам да ми биде бел, сакам да ми биде бледо розе или беж боја. Сакам да биде многу едноставен“ вели Спенџарска.

На прашањето кога ќе те мажиме, водителката вели:




„Јас да знам кога, еден датум ќе го кажам. Не сум размислувала за тоа. Како што велат: тоа самото ќе си дојде. Кај мене изгледа уште не дошло. Ама моментално не знам“ вели Јелена и открива дали е заљубена.

„Моментално не сум, имам многу убави работи кои ми се случуваат во животот и сум фокусирана на нив. Но, како викаат, кога се сакаш себе, кога инвестираш во себе и се трудиш, и мажот ќе си дојде. Не треба ти го бараш туку тој ќе те најде. И јас чекам тој да ме најде“ вели Спенџарка.




Спенџарска даде интервју за Центарот за убавина „Ева“ и зборуваше многу искрено, како никогаш претходно, и откри приказна за своето минато, како порано се барала себеси, не верувала во себе, и како конечно го нашла тоа што го барала.

Таа дел од интервјуто сподели на својот Инстаграм профил и доби многу лајкови.




-Баравме ЛИЧНОСТ, не лице, баравме моќ, самосвесност, енергија. Ја избравме Јелена Спенџарска, познато ТВ лице, амбасадорка на неколку брендови, гласна, видлива и сето тоа со добра причина и цел да ги придвижи луѓето.

Ја седнавме на шминкерско столче и ја соочивме со себе на хартија и пред фотоапарат“, објави центарот на Ева на својката Фејсбук страница.




ЕВА: Која си кога ќе се погледнеш во огледало? Која е Јелена сега? Јелена: Последните, еве да кажам, 4-5 години, доживеав таква внатрешна промена, што понекогаш се прашувам која сум била претходно?!




Сериозно, мене ми требаа години и години работа на себе за да откријам не само која сум туку и што точно сакам од овој живот. И таа потрага не престанува. Денеска, за себе можам да кажам дека сум една многу среќна и амбициозна жена.




Не верувам толку многу во напорна работа и труд колку што верувам во убава, здрава мисла која може да те однесе каде што ќе посакаш само ако знаеш како да ја одржиш ‘во живот’.




Успеав да допрам до својата внатрешна моќ и сфатив колку сум се потценувала во минатото мислејќи дека нешто не можам, за нешто не ме бива, сум барала погрешни работи на погрешни места, а се’ веќе сум имала и се’ било во мене.




И кога ќе го откриш тоа за себе, бум , се менуваат сите правила на играта. Имам толку многу планови за себе, толку многу авантури ме чекаат што конечно можам да кажам дека му се радувам на секој ден се повеќе и повеќе! Онака најискрено!“, изјави водителката.

Претходна статијаЃорѓи Чомбе Галетаноски искрено за озборувањата против него: Раскажа како од менаџер на клубови стана директор на Зоолошка
Следна статијаУрината кажува многу за здравјето – еве што значи доколку е матна, а што ако е густа