Еве зошто Миле Кузмановски се вљубил во Јасмина, освен што неговите ќерки ги прифати како свои, има и друга причина (ФОТО)

0

Миле Кузмановски е еден од нашите најпознати фолк пејачи, пејач со одличен глас, човек кој знае да направи штиминг на неговите настапи. Сепак, тој е најпознат по баладите, и некои го нарекуваат кралот на баладите. Најпозната негова песна која е избрана за песна на векот е секако „Не кани ме“, без која не поминува ниту една седенка или прослава.




Но, „Не кани ме“м не е единствениот хит на Миле, ,,Крал без круна”, ,,Роман”, ,,Презиме” и многу други љубовни песни кои ги отпеал во изминатите години, станаа евергрини. Во една прилика, во интервју за ,,Фокус” пејачот раскажа дека започнал со снимање на материјали кои ќе се најдат на неговиот нов албум.




-Последниот албум ,,Крал без круна” го снимив пред пред околу седум години и задоволен сум од реакциите, од тоа што песните останаа да живеат. Обично, не сакам да коментирам во јавност пред некоја работа целосно да се заврши, но да, снимам нов албум.




Сега, на новите материјали исто така работам со одлична екипа, голем дел од авторите на песните се млади и надежни луѓе, значи со млади сили одам напред. Ќе има неколку балади, кои се неизоставен дел од мојот репертоар, но и побрзи, весели песни.




Најверојатно, десет, можеби и повеќе ќе се најдат на албумот. Едвај чекам да влезам во студио, ќе започнеме со снимање на спот за една од новите песни, а во план ми е снимање и на повеќе спотови во иднина – раскажуваше Кузмановски во Фокус пред пандемијата.




Потоа, тој ја промовираше новата песна со наслов ,,Последен воз” и видео спот за истата. Музиката и аранжманот за истата се на Рубин Димкоски, додека пак текстот е на Орце Зафировски.

Кузмановски е татко на три ќерки, близначките Ана и Јана кои се средношколки, и Ева која има четири години. За жал, во 2012 сопругата на Миле Кузмановски по тешко болед ување си замина од овој свет, а пејачот остана сам со двете ќерки Јана и Ана.




Миле пред неклку години по втпр пат ја најде својата среќа во Јасмина. Миле за својата сопруга рече дека таа неговите ќерки близначки ги сака како да им е мајка.

„Нормално е еден период да те фати онаква криза затоа што некако се тоа го поднесов на нога, тој период го поминував заедно со сопругата Верче и еден период реков дека ќе направам пауза од песната, од мојата работа.




Но, кога ќе сфатиш дека мораш да живееш понатаму, да заработиш и да донесеш дома, а веќе си дошол на едно ниво каде тешко се стасува, а уште потешко се одржува, ќе беше жал но да го оставам микрофонот“ рече Кузмановски за Бекстејџ.

Таа ме освои со спонтаноста, добрината, разговорот, прифаќањето на Ана и Јана и затоа производ на таа љубов е ќерката Ева која по дома е една играчка за сите и е златно дете, но навистина е едно специфично дете, па кога си нервозен и тажен ќе те омекне како памук. Животот сега доби една друга димензија, се е хаотично, но е интересно“ вели Кузмановски за Бекстејџ.




„Ана и Јана веќе се тинејџерки, учат средно училиште на медицина. Тие имаат едни барања, малата има други барања, Јасе има други барања. Мислам дека некако се баланираме“ вели пејачот.

Близначките на Миле, Ана и Јана сега имаат 17 години. И двете се одлични ученички во средното Медицинско училиште. „Тие не ја слушаат мојата музика. Но, веројатно со годините и со зрелоста ќе сфатат дека и оваа музика има вредност.




Знам да им пуштам по некоја моја песна, да кажат, ова е добро или, но тие се техно генерација, слушаат електронска музика“, раскажа пејачот во Женски магазин.

Фолк пејачот кој е секогаш скромен и ненаметлив е многу горд на своите ќерки и на сопругата која е социјален работник по професија и работи во Црвен крст. „Таа е многу приземна личност, голем работохолик, вредна многу. Серизоно се посветила на образованието, била студент со многу висок просек.




Има работено во УНДП, во Министерство за земјоделие, го има одновано СОС детското село, беше таму директорка долги години.

Потоа имаше организација која ги штитеше правата на децата за време на бегалската криза, и тоа го менаџираше успешно. Таа е добар педагог, знае со децата, затоа што долги години работела со деца“, раскажа Миле за Женски магазин.

Неговата сопруга е многу горда на Миле. Aко го погледнете Фејсбук профилот на Јасмина, речиси сите објави ѝ се врзани за настапите на нејзиниот сопруг низ домашните ресторани.




Таа исто така споделува активности од Црвениот кртс каде што работи, а кога нивната мала принцеза Ева наполни 4 години, Јасмина на Фејсбук напиша:

-Мојата мала сирена денес прави 4 години. Среќа е да се има ќерка како мојата Ева. Среќен Роденден убавице моја“. Иако Кузмановски не е многу активен на социјалните мрежи, тука е неговата соприга која му е поддршка, исто како да му е менаџер.

Претходна статијаБрена и Боба ќе се борат до крај, само за да не платат пола миљонче на кумот
Следна статијаЕмина отворено за проблемите со синот: Тој го користи тоа штo е дете на разведени родители, се трудам да бидам силна!