Бившата на Дарко Лазиќ си фати нов дечко, толку беа плачките по фолк пејачот (ФОТО)

0

Марина Гагиќ пред неколку месеци реши да стави точка на љубовната врска со Дарко Лазиќ со кој доби син, а откако фолкерот ја откри врската со пејачката Барбара Бобак, Марина реши и јавно да покаже дека е повторно вљубена.




Таа на Инстаграм објави слика на која наздравува со маж, а иако не и се гледа лицето, стави емотикон кој претставува љубов, а јасно е дека Марина цвета рози во нова врска.




Да потсетиме, Марина и Дарко ја прекинаа романсата поради неговата нова девојка Барбара Бобак, по што Гагиќ почна се повеќе да се рекламира и да открива детали од нивниот живот. Неодамна имале закажано роч-иште поради доделување старателство, на кое Лазиќ не се појавил бидејќи бил на одмор со Барбара, додека Гагиќ дошла во придружба на нејзиниот адвокат.




Кога беа тазе раскинати, Марина ја откри вистината за нивната врска откако фолкерот објави серија фотографии на кои е во друштво на атрактивни девојки на луксузна јахта. Пејачот неодамна дури изјави дека закажале венчавка на 24-ти јуни, а Марина сега ги негираше неговите тврдења и откри дека тие не се заедно со месеци.




„Ние не закажавме свадба за да ја откажеме. Јас и Дарко не живееме заедно сигурно 4 месеци. Причините се јасни. Мислам дека не му прилега вакво однесување, но негов живот, негова работа “, изјави Марина за „Курир“, а потоа се осврна на нејзиниот син Алексеј.




„Се чувствувам одлично, конечно го имам заслужениот мир со моето дете. Алексеј е најсаканото дете… тој е центар на внимание во моето семејство“, рече Гагиќ, која решила да стави крај на оваа приказна.

Инаку, продуценти на Пинк преговарале со Марина, додека со бившата девојка на популарниот фолкер наводено веќе потпишала договор.




– Прво разговарале со Оливера со која Дарко ја изневерувал првата жена Ана Севиќ, а потоа и Марина Гагиќ. Таа минатата недека била во Белград и веднаш се согласила да влезе во Задруга. Ветила дека пред камерите ќе ги открие сите нечисти тајни за Дарко Лазиќ.




Пејачката наводно им предложила да ја повикаат и Марина Гагиќ, со која неодамна станале пријателки.

– Оливера ја контактирала Марина преку Инстаграм штом слушнала дека Дарко ја напуштил. И рекла дека се кае што му била љубовница и се пожалила дека ги изиграл и двете. Наводно тие двете веднаш направиле план заедно да му се осветат на Лазиќ.




Оливера веднаш после разговорот во Пинк заминала во Паќница кај Марина каде што разговарале заедно да влезат во Задруга.

Истиот извор наведува дека Гагиќ се двоумела околу влегување во реалити бидејќи има мало дете, но и дека има голема желба има да му се одма-зди на Дарко кој не плаќа алимен-тација“.




Претходна статијаИгор Џамбазов откри детали за своето детство: Татко ми не беше шеф на семејството
Следна статијаЖена му на Шабан Шаулиќ збеcна, ќе го тужи Бјелогрлиќ зашто маж ѝ го претставил како швеpцеp