Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ на снимањето на „Ѕвезда Гранда“ проговори на повеќе теми кои ја интригираат јавноста: нејзиниот внук, новите песни, но и за парите и за тао како ги троши.
– Јас сум врзана за мојот внук, тој расте, момче! Тој е круната на мојот живот. Сака музика, сака детски песни, модерни… Деновиве вежбаме постојано да ја слушаме онаа заедно: „А ти танцувај, танцувај, танцувај…“ (се смее) – рече Цеца спомнувајќи ја песната за „Јужни Ветер 2″.
– Имам три нови песни. Ги изработи Дамир Хандановиќ. Планот ми е кога ќе завршиме со снимањето и кога ќе ја имаме првата малку подолга пауза, да се посветам на нови песни. Од соработниците ќе ги изберам и оние кои ќе имаат добри песни, едноставно – истакна таа.
– ЦД-а се печатеа порано, не денес. Сега се се пласира преку дигитални платформи, па и јас ќе го направам истото, во согласност со модерното време. Следам сè – додаде таа за „Телеграф“, па се осврна на прекумерното трошење пари на познатите:
– Јас внимававам како и каде тррошам, не се расфрлам. Секој има право да избере што ќе прави со својот живот, со своите пари, со се останато. Не сум тука да судам. Јас штедам, не се расфрла со пари никогаш.
Светлана Цеца Ражнатовиќ дојде во совршена комбинација на снимањето на Ѕвезда Гранда, а пред насобраните медиуми проговори за различни теми, меѓу кои прва беа домашните работи.
– Морав да знам се за мајка ми, за одржување и готвење и се, но кога се омажив за Жељко, ми се раздени, не морав ништо да правам – низ насмевка призна Цеца. На прашањето дали Анастасија се пожалила на некоја домашна работа, која не и оди најдобро, Цеца рече:
Да ви кажам нешто, јас не сум ПР на Анастасија Ражнатовиќ, јавете и се, таа е многу љубезна кон медиумите, затоа поставувајте и ги сите можни прашања. Едно прашање остана неодговорено, а се однесуваше на Јелена Карлеуша.
На прашањето како би реагирала доколку Јелена се појави како специјална гостинка во жирито, таа рече: – На тоа прашање воопшто нема да одговорам, бидејќи тоа е едноставно невозможно! Инсистирајќи да одговори, таа рече: – Ве молам, не правете проблем таму каде што го нема.
Како што вели Анастасија, одлично се сложува со партнерот Богдан. – Одлично, сите феноменално се согласуваат со секого – изјавила Цеца во свој стил, не сакајќи да навлегува во детали за семејните односи.
Инаку, Анастасија неодамна ја с ними Цеца во нејзиниот сом, како двете одмараат во спалната на Цеца, а Цеца е облчена во тренерки. Кога ќерката ја сними мајката, таа лежејќи погледна во неа и рече: Кулирање со Таса“.