Пејачката Ивона ја отвори душата: Многу емоции насоберени во мене имам денес (ФОТО)

0

Пејачката и јутјуберка Ивона Јовановиќ денес прослави роденден. Ивона, која на својот Инстаграм профил секогаш искрено споделува моменти од приватниот живот, си посака роденденска желба.




„ Секоја година имам желба за свеќички и торта. Мислам дека таа традиција за роденден ме враќа во детството. Кога требаше да замислам желба замислував да ја добијам најубавата играчка.

Кога ќе ја споредам желбата од детството и сега. Некако ме плаши таа огромна разлика. Таа сериозност. Најбитно ми е да имам среќа и да сум опкружена со здравје и љубов од моите најблиски. Се гледаме на врвот дечки!“




Јас мојот ден го почнувам со шолја зелен чај наместо кафе. Го пијам сама со придружба на добар џез, додека го подготвувам појадокот. Секое сабајле вежбам така што денот на Ивона почнува многу рано, но квалитетно.




Ме мотивира големината на моите соништа и целта која ја имам поставено. После завршувањето на вежби се подготвувам и ги извршувам обврските кои ги имам испланирано за тој ден.

Тие најчесто се поврзани со музика, одење на проби со бенд, свирење добра музика и дружење. Секако плановите ги кројам од викенд за цела недела натака. Така имам контрола врз денот и гледам да не пропуштам ништо“, изјави Ивона во Женски магазин.




Ивона Јовановиќ е пејачка со исклучителни вокални способности, работеше долго време да се прифати самата себеси таква каква што е, тоа јавно го истакнуваше и на социјалните мрежи. На 26 август во Турција, направи интерв-енција на желудникот.




-Уште сега размислувам интензивно, барам луѓе со коишто би сакала да соработувам. Првиот момент кога тотално ќе ми се врати енергијата, ќе влезам во студио и ќе се фрлам на работа. И се надевам дека веќе ќе имаме реализирано видео спот со песна и искрено одвај чекам.

Лично мене во музиката многу ме спречуваше дебелината. Ме спречуваше да бидам слободна на сцена, да музицирам и да правам музика.




Но, после оваа операција и после симнувањето на килограмите, тоа за мене веќе нема да претставува проблем. И конечно ќе можам да ги истакнам своите адути и квалитети, кои биле скриени, за жал, поради килограмите.




Пред сите оние луѓе кои имале нешто да искоментираат за мојот изглед, не е ни вредно да ги напоменеме“, додаде Ивона.

Таа обкави нов пост во кој рече дека слави втор роденден: Денес завршува вториот месец од мојот нов роденден. Многу емоции насоберени во мене имам денес.




Испомешано ми е се. Но едно сигурно знам. Го живеам животот во овој момент и благодарна сум на можноста да бидам среќна и исполнета.

28 килог-рами си заминаа и го напуштија моето тело засекогаш. Секој килог-рам остава трага на моето тело надевајќи се дека никогаш нема да заборавам низ што се поминавме заедно. За овие два месеца најважната лекција за совладување ми беше спроведување на здрави навики во исхраната.




– Јадење на 3 часа, пиење на течност, 30 минути пред и после јадење течност НЕ, внес на протеини, физичка активност, сон од 7-8 часа дневно“, изјави Ивона.

Претходна статијаПовеќе открива од што покрива, Карлеуша пак на плажа, излажа ли зошто си отиде од „Звезде Гранда“? (ФОТО)
Следна статијаЖељко ја раскажа тајната на песната „Полноќ“ од филмот Тома