По долго време Шенка Колозова се појави во јавноста, изгледа одлично, ѝ годел животот на село (ФОТО)

0

Познатата актерка Шенка Колозова, за театарот „Колозов“, Шенка, инаку дипломиран теоретичар на книжевноста, напиша бројни сценарија и драматизации на Цепенковите народни приказни.




На сцените на театрите во Штип и Куманово, а подоцна и во МНТ, од каде се пензионира, одигра повеќе од 6000 претстави и над 100 премиери. Во приватниот театар „Колозов“ – уште 16 премиери. Кога Шенка ќе рече „Се изнаработев во животот“, тоа никако не е лесно изречена фраза, туку тешко спечалена вистина.




Во дворот со цвеќиња на прилагодената селска куќа, Шенка одгледува зеленчук, ги чува своите кучиња и мачки, ги храни селските кучиња и мачки, коси трева, сече дрвја и се занимава со – секојдневниот живот, објави минатата година Бекстејџ.




-Што да кажам јас за пандемијата? Немам право да зборувам за тоа. Јас сум пензионерка, мене вирусот не ми го смени многу животот. Што да кажат оние што одат на работа или уште повеќе оние што ја изгубиле работата?

Што да кажат оние кои мора да се прилагодат и да работат од дома? Оние што имаат мали деца и што се загрижени како ќе тече новата учебна година? И како ќе ги прилагодат своите обврски и обврските на децата? – вели Шенка од својата велестовска оаза на мирот.




Таа сега е повторно активна, работи на новите сценарија и на снимањето на новите Макеоднски народни приказни заедно со нејзините стари пријатели и колеги Лазар Бараков, Гоце Тодоровски и другите доајени. Шенка сега има уште еден повод за славење.




Вчера вечер заврши првото издание на ФЕСТИВАЛОТ НА БАЛКАНСКАТА НЕЗАВИСНА ТЕАТАРСКА СЦЕНА – ПРОВОКАЦИЈА, под покровителство на ОПШТИНА ГАЗИ БАБА. Претставите беа во селекција на Роберт Ристов.




Жири комисијата во состав: Звездана Ангеловска, Благоја Чоревски – Чоре и Мирјана П. Ристов ги додели следните награди.

-Специјална награда за извонредно актерско остварување за маестралната игра и вистинско сценско присуство во авторскиот проект „каква ти е жената таков ти е животот“ му се додели на драган маринковиќ – маца. Наградата ја прими претставник од продукцијата златен заб.




-Главната машка улога му беше доделена на јан керекеш – за современиот актерски израз и модерен сензибилитет во улогата на марс, како и извонредните трансформации во градењето на другите ликови во претставата „јас бремената“.




-Главната женска улога се додели на ана бегиќ тахири – за креација на комплексниот женски лик во претставата „јас бремената“, изразена со експресивен израз, убедливост и досетливост во различните драмски ситуации, како и успешните трансформации проткаени со умерена духовитост и автентичност на сцената.




-Наградата за најдобра режија и гран при беа доделени на претставата „средби со неочекуваното“- театар гестос. Претстава во целина која ги содржи актерските ликови изградени со врвна духовност и досетливост, предводени од имагинарноста, прецизноста и разиграниот стил во режијата при создавањето на драмските ситуации.




-Награда за животно дело за развој и афирмација на независната театарска сцена се доделува на шенка колозова – „театар колозов“.

-Награда за животно дело за развој и афирмација на независната театарска сцена се доделува и на раде вукотиќ – театар призор.




Ова го објави на својата страница Театар Првовокација, кои објавија и слики од Шенка која се појавила на настанот. Таа изгледа одлично, и изгледа дека животот во Велестово ѝ годи. Шенка на сликите е доста елегантна и изгледа одлично.

Претходна статијаНовинарот Огнен го тераат малери цело лето: До некни се капев со една рака, деновиве ќе се капам со една нога
Следна статијаАндријана Јаневска во ептен заносно издание, пејачката комплетно смени имиџ (ФОТО)