Гавазова, Спасовска, Стојне, Зуица, еве што ги спои најзгодните фолкерки на едно место, Ирена најдобро ја знае причината (ФОТО)

0

Ирена Спассовска е со години една од нашите најпознати фолк-пејачки. Без неа не поминува свадба, веселба и фестивал на новосоздадена песна. Таа во последно време е и инфлуенсерка.




Некои познати фирмо ја ангажираа Ирена да им ги рекламира производите на социјалните мрежи, и тоа таа успешно го прави. Инаку, Ирена е мајка на Тамара и во последно време е доста посветена на здравиот начин на живот и на здравата исхрана, за што исто така зборува на социјалните мрежи.




Ирена сега се покажа и како добра организаторка, односно менаџерка и тоа на концерт, во Битола, кој се одржал на ракометното игралиште.

На 1-ви септември во еден од најубавите градови во нашата земја се одржа можеби досега најголемиот фолк-спектакл со најпознатите македонски фолк-ѕвезди, објави Убавина и здравје.




Концертот беше на ракометното игралиште во Битола, а публиката уживаше во најголемите хитови во изведба на популарната Сузана Гавазова, Анета и групата „Молика“, Марјан Коцев, Стојне Николова, Благоја Грујовски, Ирена Спасовска, Дамјан Стојановски, Рамко Беслими, Ален Хасановиќ, Каан Мазахр и Зуица Лазова.




Познатата пејачка Ирена Спасовска, која е дел од организацијата, уште пред да се одржи вети одличен концерт.

-Во Битола ќе се случи долго очекуваниот концерт ‘Нотите на Македонија’, кој ќе биде организиран на највисоко ниво.




Единаесет ѕвезди ќе отпееме 22 хитови заедно со група ‘Молика’. Организатор е ‘Мојсо-продукција’, јас и Дејан Горгиев. Задоволство ми е што сите заедно ќе отпееме и ќе се забавуваме. Кој ќе присуствува ќе помине одлично“, рече Ирена пред концертот.




Исто така и Дамјан Стојановски не го криеше задоволството што ќе настапува пред битолската публика.

-Со нетрпение чекаме да дојде први септември. Собрани сме многу добра екипа и ветуваме дека ќе направиме одлична забава“, накусо изјави славниот пејач пред настанот.




Инаку, станува збор за голем концерт со мултиетнички карактер, на кој, покрај многуте македонски фолк-ѕвезди, настапија и изведувачи од другите етнички заеднци, како што се Ромите, Турците и Бошнаците.

Ирена на Фејсбук стави некоилку сториња, прво од пробата а потоа и од настанот. На едно од нив, таа ја пее песната „Бум бум“ од Сузана Гавазова, а околу неа се собрани сите згодни колешки: Стојне Николова, Зуица Лазова, Сузана Гавазова…




Кој вели дека фолкерките не се сакаат една со друга и се сметаат за ривали? Оваа слика на Иренче ги обедини и докажа дека заедно се посилни.

Претходна статијаСрцето ми скокна како осигурач, едвај се спасив, тоа беше знак: Познатиот музичар си ја отвори душата
Следна статијаЗа Сања Барбика нема криза, си летна од Македонија на печалба (ФОТО)