Елена Ристеска: Убавец мој, се’ е менливо во мојот живот само ти си константа

0

Позн ато е дека нашата убава пејачка Елена Ристеска од неодамна има свој бренд, а тоа се парфемите и козметиката која се вика ЕРА, а за почетокот на овој свој нов бизнис таа зборуваше во интервју за Црно-бело.




-За старт на нов бизнис во време на вонредни услови поради корона вирусот, можам да кажам дека сум позитивно изненадена и повеќе од очекуваното.

Особено што немаме своја продавница за тестирање на парфемите, луѓето купуваат на невидено и непробано. Беа планирани и договорени неколку трговски центри на Балканот, но за жал, тој план е во мирување поради ситуацијата со вирусот.




Доколку купувачите во вакви услови го купуваат парфемот и им се допаѓа, едвај чекам да го видам резултатот кога ќе живееме во нормални услови. Се надевам дека ќе се најде излез од оваа слепа улица.




Сепак стравот за иднината кај сите музичари беше силен за време на карантинот, но веројатно подобро платените пејачи не видоа преголем страв кога почна вирусот, затоа што имаме некоја заштедена сигурност.




Она на кое не помислив е дека вложувањето во козметиката ќе се поклопи со ситуацијата со короната и карантините, па затоа почувствував страв од предвидувањата на поединци за ситуацијата со вирусот, дека уште долго ќе потрае.




Сепак, вистина е дека луѓето, во вакви вонредни услови, на последно место ќе инвестираат во луксуз – како што јас ја класифицирам музиката.

Повеќе ќе вложат во храна и понеопходни работи, отколку во карта за концерт. Но, мислам дека полека нештата си доаѓаат во нормала. И да не се вратат во нормала , сигурно постои некое решение и за нас музичарите и нашата иднина.




Премногу ми недостига таа магична енергија на мојата публика, тоа е еден показател дека не можам без музиката, па макар и 10 други бизниси да отворам. Таа љубов на публиката и адреналин на сцената може само малкумина благословени да ја почувствуваат.




Во цели 24 часа имам само неколку часа пред спиење слободно време, најчесто го поминувам со пријателите, во читање, пешачење, серии или со мојата внука и семејството.




Знаеш колку треба да го заслужи некој потенцијален партнер моето оскудно слободно време? 🙂 Многу. Сè во свое време, ќе дојде време и за љубов. Живеам за да љубам повторно еден ден“, рече Ристеска ова интервју.




За изгледот на Елена долги години се грижи стилистот Даниел Николовски, а тој и стана и многу добар пријател. Вчера стилистот прославил роденден а Елена со најемотивни зборови му честиташе.

-Се’ е менливо во мојот живот само ти си константа. Убавец мој , брат мој , целата среќа на светов ти ја праќам затоа што ја заслужуваш.




Твојата тага и среќа и твојата болка и радост ги чувствувам како да се мои. Некои луѓе еднаш ќе ти влезат во срце и остануваат засекогаш. Те сакам Дани“

Претходна статијаГоран Кукиќ раскажа каде се преселил Горан Алачки, а раскажа и приказна за синот Иван
Следна статијаВера Мештеровиќ рано по сабајле им порача на душебрижниците кои ја критикуваат дека не ја бива за водителка : Секој може да почне сега