Атанас Атанасовски е еден од нашите најпознати актери кој е вработен во театар Комедија, а познато е дека тој е добар другар со колегата Тино Костадиновски, и познати се како двоецот Атанас и Тино.
-Тоа дека како помал сум бил малку приг-лупо дете и ми направиле какво име такво и презиме за да не се бунам во градинка кога ќе ме прашал некој како се викам. Атанас..совски така ми било полесно и затоа сум Атанас Атанасовски.
Ама добро звучи нели? А обратно кога ќе го ставиш уште подобро: Атанасовски Атанас. Некако така мене ми е интересно. Се шегувам, Атанас е 25 годишно момче од Скопје, кој се бави со глума и е актер, не сум актер, глумец сум, работам во Театар Комедија и тоа е.
Висок сум метро осумдесет и седум – просечна висина, добра за кошаркар, за плеј мејкер. Завршив Академија за драмски уметности – дипломиран актер, средно хемиско – гимназиски смер.
Прво искуство на сцена ми е во детско – драмско студио кај Магдалена Ризова – Черних, мислам дека беше за претставата „Буре Барут“. Во Пионерски дом Карпош, изнајмувавме сцена и тогаш во салон 19 19 ми беше првото искуство.
-Кога го добивам текстот, сакам прво да истражам се околу текстот, да видам кој се го има играно тој лик, ако има интервјуа со тие актери да прочитам и доколку не сум задоволен со информациите и дојдам до „кризен“ момент секогаш се прашувам: Што би направил Џим Кери во оваа ситуација?
И обично ми се решаваат дилемите за и околу улогата која ми е доделена“, изјави атанас во интервју за Фешнел и додаде за тоа која е неговата девиза за среќа:
-Не знам што ми е девиза среќа. Другарите, тие најмногу ме прават среќен. Кога сум во депресија и кога нештата не одат според планот, кога сум тапа, кога немам креативност, секогаш се собираме некаде и ме релаксираат, затоа што не ми зборуваат за театар.
Разговараме на други теми и некако ме дистанцираат од ова што го работам и полесно ми е така, бидејќи после подобро го согледувам проблемот и наоѓам решение за истиот.“
Атанас и Тино се автори на емисијата „Најискрено“ која се емитуваше на Јутјуб и им гостуваа доста познати личности, а меѓу нив и нивни колеги актери.
Тие исто така во Охрид летово имаа настап на брод кој го нарекоа „Наводно со Тино и Атанас“, а актерот вака во најави на Инстаграм:
-Летен комеди маратон на бродот Армада. Хумор на сред езеро. Август е месецот. Охрид е градот со езерото. 03.08.21 Наводно ќе настапуваме. Поздрав.“
Атанас, веќе една година ипол ужива и во улогата на татко, откако се роди синот Павле. Тој е во брак со Александра, со која претходно беа подолго време во љубовна врска. Иако ретко зборува за приватниот живот, сепак сподели по нешто интересно во интервјуто во “Репортер“.
-Секој ден учам нешто ново. Еве денес научив дека фразата ,,тата тата” може да значи многу работи како: сакам вода, дај ми ја играчката, земи ме во раце, сакам да спијам, смени ми пелена. Разликата е во поттекстот.
Како работник во фабрика со саатница и смени, такво ни е уредувањето. Денес ако си прва смена, утре си трета. Некогаш има и паузи измеѓу по неколку часа.
Со Александра бевме во врска неколку години и еден ден измеѓу две мои проби пред да почнам со претстава, отидовме до матично, се потпишавме и си продолживме со секојдневието.
Вчера Атанас стана татко по втпр пат и тоа на ќерка која се вика Ена, а познати личности, негови пријатели се пофалија на Инстаграм. Меѓу нив се Тамара Тодевска, Катарина Ивановска, но и Тино Костадиновски.
Тино на Инста напиша: Имаме сестра брате, добредојде Една“, напиша Тино до слика кед што е сликан со синот на Атанас, Павле.