Врие ѓубре во охридското езеро- какви гости, такви домаќини! (ФОТО)

0

Нашите туристички бисери Охрид и Дојран нденовиве се преполни, и челновите на групите Патувања низ Македонија постојано со фотографии известуваат за тоа.




Некои имаат негатривни искуства што ги споделуваат од Охрид, а некои и позитивни, како еден наш читател од Велес, во приказната која ја објавивме минатиот месец.

Би сакал да ве поздравам и да ви ја предочам причината поради која сакам да ја објавите мојата реакција. Имено, два дена по ред, читам како се жалат луѓе од услугата во Охрид.




Јас сум од Велес и најпрво сакам да напоменам, дека половина од мојот живот, го имам поминато во странство. Имам тони искуство со луѓе, со локали, имам престојувано, но и работено во ресторани во туристички центри.




Тој раскажа една случка од еден елитен ресторан во скопската населба Аеродром кога тој и сопругата седеле и чекале 40 минути да нарачаат кафе, а потоа сакале да нарачаат и појадок, но се откажале.

На крајот, човекот порача: Па така, ако во ресторанот во Скопје треба да има 7-8 конобари во смена, тој сигурно нема повеќе од тројца. Слично е најверојатно и во Охрид.




Значи не е дека Охриѓани се вакви или онакви. Кој не би сакал да си направи промет во локалот.

На крајот на краиштата, Скопјани да ве прашам: Со сила ли ве тера некој да одите во Охрид? Добивме и уште интересна приказна од читател кој бил во Охрид.




-Запалив кола накај центар, малава се израдува, ќе си игра си другарка ѝ од маало. Во центар, ха ос за паркинг како и секогаш.Едвај најдов место, ја напикав колата до едно дрво и оп. Одма дечково за паркинг се нацрта. 40 денари саат, порака ќе пратиш или ќе ми платиш?




Ќе ти платам дечко, му викам. Лошо сум паркиран, ама за 15 минути доаѓам детево да го оставам. Ако е за толку, ич не ми давај пари, ми вика, а јас го гледам бледо и не ми се верува.




Охриѓанец да не сака пари за паркинг да ти земе, тоа е светско чудо. Абе, оди спокојно, ќе ти ја вардам колава, уживај, ми рече, а јас го послушав“, вели приказната на нашиот читател.




Секој продолжен викенд за Илинден е преполн во Охрид, па така било и овој. на Фејсбук групата Пативања низ Макдедонија еден корисник сподели слика од Охрид во зима и напиша: Е олкава ќе беше гужвата во Охрид, ако беше февруари.

Потоа, следеа коментари: Ам, ќе дојдт и февруари, не се секирај. Дан сакаш тро да не разладиш со сликава? Потоа, следеше уште еден коментар на охриѓанка кој вели:




Е ова е убајна. Или во ноември ко ќе врнит дожд. Само ти и дождот покрај езеро. Душата да си ја одмориш… Ај уш викендов и ќе се раатисаме малку.

Еден корисник споделил слика од ѓубрето што традиционално останува во Охрид после секој преполн викенд и напишал: во македонскиот бисер во Февруари нема ваква некултурна багра, секоја чест на исклучоци…

чувајте си го, Охрид и езерото не се само на охриѓани, туку е исто толку и ваше…и не заборавете ја народната: КАКВИ ГОСТИ, ТАКВИ ДОМАЌИНИ!

*Фотографии: Фејсбук групата Патувања низ Македонија, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаКога мајка ми си заминуваше од овој свет, татко ми беше со друга жена, но кришум одеше да ја види: Славниот музичар ја раскажа тажната приказна на неговото семејство
Следна статијаДечко ѝ пазaри и ѝ носи цвекиња: Комшиите на најубавата водителка открија каква е