Водителката Јована на плажа, објави заносна слика во бикини (ФОТО)

0

Јована Стојменовиќ доклги години е дел од Утринската програма „Ја сакам Макеоднија“ н Тв Сител, и во една прилика таа за својата работа има изјавено:




-Потребен е голем вло. Освен за самиот чин на водење на гледачите низ содржините, јас имам голема улога во изборот и креирањето на истите во соработка со моите прекрасни колеги, така што презентирањето на содржините е само финале на сето она што претходи на секое издание на „Ја сакам Македонија“, за кое, секако, значајно се подготвувам.




Во април, утринската програма на „Сител“ наполни 15 години, а и јас со неа исто толку години ангажман во создавањето на таа приказна и ангажман во телевизијата, бидејќи сум дел од утринската програма од првата година на нејзиното постоење.

– Емисијата оди во живо и постојат многу непредвидени ситуации кои можат да се случат и се случиле.




Лапсуси секако дека имало и ќе има, но не можам да издвојам некој конкретен на кој се сеќавам, веројатно поради тоа што секогаш гледаме да ги заборавиме ситуациите што ни предизвикале да се засрамиме.

Но, имало многу згоди и незгоди на целата утринска екипа што предизвикале и да се нервираме, но и да се смееме до солзи.




Неодамна една гостинка стави чајник за кој не знаеше дека е со пластично дно на рингла поради што се случи вистински пожар на плотната и се зачади целото студио, а снимателите го гаснеа само две минути пред да продолжиме во живо.




Но, шоуто секогаш мора да продолжи, па така и би, како ништо да не се случило“, изјави Јована во Женски магазин.

Таа исто така се присети за времето кога била манекенка, пред да станњ водител и новинар.




– Се занимавав околу 5-6 години со манекенство пред да почнам да работам на телевизија. Работев најмногу модни ревии во рамките на модните недели што се организираа тогаш благодарение на модното студио „Црнокрак“ и модната сцена која како да беше поактивна или барем повпечатлива некако, според мене, пред 10 години.




Имам прекрасни емоции кога ќе се присетам на тие настани и на чувството кога ќе излезеш на писта, за да го презентираш моделот на дизајнерот, тоа е навистина посебно.




Работев и фото-сесии, видео спотови итн., но не учествував на избори за убавина. Мислев дека не ми е потребен тој натпревар, бидејќи изборот за убавина во суштина е натпревар кој е поинтересен за набљудувачите отколку за учесниците, па затоа останав набљудувач.“, рече Јована.




Таа е сега на одмор, и неодамна објави слики со својата сестра. Јована уште ужива на плажа во топлите сончеви зраци, и објави слики во бикини, рекламирајќи крема за сончање со која вели дека го добила убавиот бронзен тен.

Претходна статијаФолкерката Сани откри што најмногу ѝ помага во тешките мигови, откако два пати за седум месеци е позитивна на вирусот
Следна статијаИван Босиљчиќ објави слика со ќерка си и раскажа неверојатна приказна (ФОТО)