Водителката Елена порача: Немој да ме нервирате!

0

Во суштина имам само еден ритуал, а тоа е никогаш да не заспивам со шминка на лицето. Инаку, стандардно, лицето го чистам со мицеларна вода, со благи бебешки сапунчиња од ќерка ми и нанесувам богат слој крема затоа што имам сува кожа.




Ова го рече во една прилика убавата водителка Елена Стојановка од Сител, која ја води Утринската програма „Ја сакам Македоноја“, во Женски магазин, каде што зборуваше за својата нега.

Сакам долга коса и тоа е тоа, имам иста фризура со години, варијантите се само дали шишките ми се малку подолги или покуси.




Линијата за коса на Inebrya & Alterego на Silk solutions е мој избор и тоа онаа за долга но сјајна и здрава коса. Ги менувам нивните производи во лето и зима, ама се држам до брендот“, рече Елена.




– Модата има значајно место во мојот живот. Вага сум во хороскоп, па вистина ги сакам убавите нешта.

Се обидувам да бидам убаво облечена во склад со пригодата, обожавам да гледам ревии, документарни филмови за големите креатори, знам да забележам промена кај луѓето. Мислам дека сево ова е доказ, зарем не?




Секогаш го дефинирам мојот стил како романтичен, и во најрокерската комбинација јас ќе најдам простор за нешто нежно.

Радиото дозволува комфор во многу нешта за разлика од телевизијата, па и во облеката.




Но, јас сум доследна на себе. Не се шминкам за на радио, но изборот на гардероба е пристоен и во согласност со тоа како се чувствувам, некогаш знам и многу да се дотерам“, рече Елена во Фешнел.




Елена е мажена за Огнен и е мајка на Илина. Таа сподели слика од неа и од ќерката како уживаат во убавото сончево време на прошетка. Илина станала вистинска убавица и многу наликува на својата мајка. Крупата под круша паѓа, каква мајка таква ќерка.




Но, изреката, крушата под круша паѓа важи и за мајката на Елена и за неа. Елена објави слика од мајката и на неа се гледа на кого Елена е толку убава, всушност водителката е копија на својата мајка.

За оваа црно-бела слика има и убав повод, а тоа е роденденот на мајката на Елена, за кој таа напиша: Кралице моја најубава, фала за се. Од гени до беусловна љубов.




-Кога првпат ја видов, се помирив дека физички не личи на мене. Ниту на татко и. Илина е своја и гледајќи ја мислам дека е совршена божја креација. Искрено, посакувам само да е здрава.

Карактерно би ми било доволно ако научи да ги почитува луѓето но поради вистинските вредности“, рече Елена за својата ќерка во Убава.мк




Таа често знае да сподели убави слики а неодамна тоа го стори од островот Сент Мартин на Карибите. Елена сподели рајски фотографии на кои се гелда како ужива на рајските плажи и изгледа одлично.




Таа објави слика на своето работно место, во Сител и напиша кое е нејзиното животно мото: Немој да ме нервирате – Дејан Савиќ. Како моја животна мантра за понатаму, рече Елена.

Претходна статијаЦеца прозборе за тоа што ја научил Аркан и отворено раскажа за љубовта со Богдан
Следна статијаПознатата новинарка се налути: Абе по списоци ќе одам и јас лично од канцеларии ќе ви ги избркам, ќе им останат само пластиките на ноктите