Се огласи Теодор, момчето кое бара жена во Швајцарија: Не постои лош публицитет – постојат луѓе што не ја поднесуваат славата

0

Галама пред неколку денови, го пренесе статусот на Теодор Петковски, кој во групата „Македонци во Швајцарија“, отворено побара заинтересирана жена, на која би и платил за да стигне до швајцарски документи и можност за живот и работа во таа земја.




Текстот предизвика големо внимание на социјалните мрежи, од оние кои ја поздравија неговата идеја и го охрабрија, до оние малициозните, кои побрзаа да го осудат. Теодор ја исконтактира на шата редакција и побара да се дообјасни и да се претстави, кој е всушност тој, а со тоа и да одговори на негативните коментари.




-Не постои лош публицитет – постојат луѓе што не ја поднесуваат славата. Важам за екстроверт и контраверзна личност веќе оддамна, милион и една маана имам и ниту една доблест. Така би рекле одредени жени во Македонија. Од оние што правеа #џерусалимачеленџ и што беа први за митинзи.




Тие и за Бил Гејтс кога би бил македонски зет би рекле цели денови измислува енциклопедии со другар му Илон Маск летаат сателити… Не спие со мене сигурно е со друга. Ќе ги чипира луѓето. Не го бива за во Македонија ни пустиот Бил. Се откажа…

Порано се обидував да го сокријам тоа дека сум “за лечење”, но сега сум горд на тоа. Поборник сум за себеосознавање и психологија. Пијаниот не признава дека е пијан!




Мора да тежнееме кон здраво општество односно здрави работни средини.Тоа ќе го сториме, кога ќе се сфатиме себе си и кога ќе си ги осознаеме своите вредности, а за тоа не е никогаш доцна.

Кога гледам градов колку е “здрав” и како се однесуваат “здравите” морам да кажам дека сум “за лечење”. Но, јас го признавам тоа и не го кријам. Зборувам албански (на ниво на мајчин), англиски и учам португалски од пред две недели. Пасивно, уште неколку јазици ги разбирам.




Важам за храбар и луд добар и лош сѐ во едно. Зависно кого ќе прашате.Порано бев на работ на законот а сега сум приземјен, културен се трудам кон поздрави интеракции и ја спремам својата прва книга авторска поезија. И сум во фаза на нејзина подготовка.




Морам да забележам дека психолошката поддршка е она што ни недостига во овие тешки времиња на Ковид19 криза. Кажете ми, колку девојки под 30 години ѝм е препишана елицеа како антидепресив? Колку мажи под 30 години посетиле сек -.уална работничка? Колку жени посегнале по играчки?




Колку мажи почнале да пијат како последица од “ти немаш што да ми понудиш мене?!” Колкав е стресот што го носат мажите за да “донесат дома”? Колку мажи се дневно малт ретирани од сопругите? На колку време едните исти фирмички распишуваат огласи за технолози, келнери, вилушкаристи, обезбедување, погонски работници, пица мајстори, сендвичари, маркети, кол центри, рамсторци итн..?

Колкав е степенот на неверство во браковите? Зошто е тоа така? Колку чини да извадиш високо образовано дете на “престижните” ТМФ, ПМФ, ФИНКИ, ФЕИТ и за која плата ќе работи? Под кои услови? Направи трето дете ни беше мотото нело? А градинки камо? Услови за останување во Македонија?




Смешно е да викаме за некои дека се провинцијалци а ние од град сме “богаташи” нели? Трошиме пари што ги немаме. Колку македонци пијат дијазепам редовно? Колку огласи почнуваат со “БАРАМЕ ДЕВОЈЧЕ ЗА РАБОТА” …за да се лечиме на неа?” Колку жени ставија силикони или ботокс и слични третмани во 2019,2020,2021?

Сето ова е показател колку сме сите “за лечење”.Сите сме “за на терапија” и нема ништо лошо во тоа.

Потребно е да се тргнат на страна стигмите и предрасудите и спремен сум јавно да говорам за ова по таблоидите. Спремен сум да работам на своите грешки и недостатоци. Но колкав процент од Балканските мажи можат да го речат ова јавно?




Затоа сум среќен што има негативни коментари. Дента кога ек сплод ираше објавата еден “фраер” ми рече… “јави ни се {во оваа фирма да пратиш разгледница} кога ќе го постигнеш ова”… Колку е поголема ом разата, толку поубаво за мене. Мене образот ми е чист барем не газам на ле шеви во мојата кариера.

Единствено се стремам кон нормален и професионален живот. Моја најголема желба е да ја надминеме КОВИД19 кризата и оние што тоа го сакаат да живеме по нормално знаат дека вакцината е нешто што ќе мораат. Колку и да нејќат.




И јас нејќев да се родам тука ама еве морам да живеам со вас и да читам како ме плукате и мене и моите сограѓани од заедниците. Ајде да се прифаќаме едни со други и да градиме општество базирано на толеранција и еднаквост.

За почеток за тие што се сложуваат со мене, имам креирано фејзбук група на оваа тема со наслов “Пост ковид19 трауми и анксиозност.” Наменета е како виртуелна поддршка за помош и надминување на кризите, општествени, социјални и миграциони, секој кој што сака може да се придружи и да работиме на оваа проблематика.




Мразете ме и понатака. Јас ќе се изборам со ова и еден ден ќе имам свое семејство бидејќи тоа ми е најголемиот сон. Имам доверба во себе а и имам и поддршка од градов и не сум сам во оваа мисија. Ве очекувам…

Претходна статијаГоца Божиновска откри во каков однос е со снаата и синот: Ме избркаа од дома!
Следна статијаЗошто никогаш нема да се мажам за наш човек: Писмо на девојка која живее во Австрија ги здрма социјалните мрежи