Се кренаа глумците од „Преспав“, поддршка за Дончо кој вчера беше избркан од Штипскиот театар

0

Популарната серија „Преспав“ веќе ја емитуваше својата петта сезона. Гледачите се дружеа со Марио, Јелена, Талат, Коста, Тони, Ула, Миле, Мич, Исаура и Дончо кој го глуми Владимир Тулиев.




Тулиев како Дончем другарот на Миле е интерсн лик и веднаш ги освои многуте гледачи. Тој е актер од штипскиот театар и во една прилика зборуваше за своето искуство со режисерите.

-Иако понекогаш знаат да бараат премногу, сепак добро се снаоѓам, особено ако со некои од нив работам по повеќе пати. Ги ценам режисерите кои си го напишале домашното и знаат што бараат не само од мене туку и од колегите, и ако ми насочат добар правец па заедно да се движиме кон решавањето на проблемот.




Не дека не сакам да експериментирам, ама сепак треба да се има хармонија и единственост. Со некои од нив толку ни е развиена комуникацијата што одредени работи ги решаваме со еден поглед. За жал последниве години има се помалку режисери од странство, од кои актерот може да се здобие со нови искуства“, рече тој за teatarce.mk




Потоа, на прашањето: Во Штипскиот театар си еден од најангажираните актери. Од аспект на твоето искуство, што мислиш колку е потребен трансферот на млади актери во македонската театарска мапа?“, тој одговори.




-Колку што е можно повеќе. И тоа не мора да бидат само за главни и насловни ролји, нека е и епизода, ама сепак да зрачи ново име и лице на сцената. Морам да кажам дека во последните години има раздвижување на еден бран млади актери кои многу сериозно работат на себе“.




Тулиев е актер во Народниот театар Штип 28 години со многу одиграни премиери, а зад себе има и неколку домашни филмови како што се “Сердарот”, “Панкот не е мртов”, “Жената што го затвори прозорецот”, “Трето полувреме”…




Вчера, тој доби отказ од неговиот матичен театар и за тоа преку својот Фејсбук профил ги извести пријателите откако напиша:




-Е да, драги мои колеги, пријатели и моја најдрага публико, после 42 години од првата професионална театарска претстава, сабајлево ми стигна и отказно решение! Како и да е, не дозволувајте да ви плукааат на трудот, талентот и актерската креација! Не дозволувам ниту јас! Ви Благодарам за поддршката!, објави Тулиев на Фејсбук.




По ова, се кренаа неговите колеги и пријатели како знак на поддршка со објави на своите профили:

-Naroden Teatar Shtip Срамота! Актер кој константно се појавува на сцена и филм, и квалитетно си ја врши работата. Ако некој треба да добие отказ, Vladimir Tuliev e последниот“, вели една објава.




Театарот е состојба на умот, на сетилата, на убавината. Тоа или го доживуваш со цело свое битие и го сакаш или не го разбираш. Ниедно партиско назначување неможе да го уништи ни сотре. Дури и во ова технолошко време театарот живее и ќе живее. Поддршка за Vladimir Tuliev Kristina Atanasova Arsova Nikola Ristov и сите вработени во Штипскиот театар. Издржете, ние верните љубители на театарот сме со Вас. Почит драги мои“, пишува пријател на актерите.




Онаа која ја споделуваат сите, а меѓу нив и актерите кои глумат во Преспав е лута реакција поради отказот на колегата и вели вака:

И ЈАС СУМ ВЛАДИМИР ТУЛИЕВ ТУЛИЕВ е нешто што вие никогаш нема да бидете. Татко му почина од погреб дојде и играше претстава,со скинати лигаменти играше претстава. Да ми простат другите колеги но Владимир ТУЛИЕВ е бренд,го знаат сегде,и го знаат како актер од Штипски Театар. Срам да ви е. Ова не завршува овде. No pasaran!

Претходна статијаЕлена Ристеска: Кој се обидува да ве сруши, веќе е под вас
Следна статијаУбавата пејачка Наташа Беквалац на дива плажа, откри и повеќе од што треба (ФОТО)