Катерина Тошевска Трајковска, спец. по медицинска биохемија од Институтот за биохемија на својот Фејсбук профил реагираше на статус на професорка од Филизофскиот факултет која е против новите рестриктивни мерки.
-“Подобро болни но слободни” напишала во еден коментар универзитетска професорка која предава на Фи-фи (тоа се оние филозофија, филологија факултети).
Драга универзитетска професорке, да ви каже нешто друга универзитетска професорка која во април 2020 согласно тогашните препораки го загреваше серумот (дел од крвта) на +56 степени за да го деактивира вирусот за да може да работи.
И кога ќе ми се лизнеше епруветата, се потев под скафандерот и визирот до га ќи дали ќе се скрши истата и дали дома ќе си го заразам семејството.
Зашто некогаш кога ќе ми влезеше пот во очите а немав слободна рака да се избришам ми се плачеше додека надвор во име на слободата си го сркаа кафето.
А баш не морав ни јас да работам. Јас сум претставник на оние “без лице”, во кр в, моч ки и го*на заглавени. А можев и да си глумам голема професорка. Со пенкалото и глувчето. Ќе се одморев поштено цела година.
Сега ми е смешно, ама тогаш не.
“Подобро болни а слободни” кажете му на секој стоматолог, анестезиолог, ОРЛ-ог, сите доктори од ИМП, инфектолог, офталмолог и уште некоја експонирана специјалност.
Сите тие, и ние помалку експонираните, сакаме да сме слободни а здрави за да ја работиме работата за која сме се едуцирале. А не во време на пандемија да полемизираме чии човекови права се нарушени.
Тоа може на козметичарката и фризерката да и го кажете. И на студентите, да пофилозофирате малку. Запрепастувачки е ставот “за тоа сте учеле”.
Па не (сме) учеле за да умираат од некои кои си го тераат ќефот во име на слободата.
Зошто животот на еден здравствен работник е помалку вреден од слободата на некој кој во животот само филозофира?
Каква порака праќате на сите оние кои кога ќе ги зачеша нешто во било кое време од денот и ноќта вртат на viber и messenger на сите можни доктори, а сега се демонстрира максимално непочитување на советите, апелите и прогнозите на здравствените работници?
За нарушено ментално здравје има соодветни специјалности и институции. Убаво е со книгата во рака и лаптопот на колена да филозофираш.
Одете во ординацијата на било кој стоматолог да подишите малку под скафандерот и визирот. Баш сега, на +40. Па ќе дискутираме тогаш за слободата.
За живот.