Огнен Здравковски откри која е неговата најголема поддршка и емотивно ѝ се обрати (ФОТО)

0

Познато е дека Огнен Здравковски се прослави со емисијата Звезде Гранда каде што ментор му беше Марија Шерифовиќ. Марија Шерифовиќ во една прилика јавно го прозва и пофали истакнувајќи дека според неа тој е најдобар нејзин кандидат.




„Од моите машки кандидати Огнен најмногу ми се допаѓа. Може се и сешто да пее, широк му е опусот. Неговата боја на гласот ми е далеку, далеку, далеку најдобра“ истакна Марија.




Неговиот музички „поход“ сепак почнува од Македонија каде иако испеана на српски јазик, автори на неговата нова песна се братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветковски, од чија фабрика за хитови излегува и оваа песна која се вика „Извини“.




Огнен имаше уште многу музички планови кои ги поремети пандемијата, но и заминувањето на нему драга личност, неговиот вујко Зоран Џорлев.

За прв пат во јавноста, во интервју за Бекстејџ, со солзи во очите, Огнен Здравковски зборуваше за загубата на својот вујко и болката по неговото заминување.




Зоран Џорлев, познатиот виолинист, музичар и професор си замина на 1 јануари годинава, поради последиците од вирусот. Тој неодамна се сети на неговата прва песна која беше промовирана пред шест години и сподели што пишувале весниците за него во тоа време.




– Ова е мојата прва и моја посебно драга песна! Музиката и текстот ми ги напиша мојот најголем идол и ментор (МОЈОТ ВУЈКО Зоран Џорлев), а аранжманот го направи неговиот долгогодишен соработник и другар Беџо Синановски…“, напиша Огнен.




Летото минаатата година, порталите ја пренесоа веста дека Огнен е позитивен на новиот вирус. Тој на социјалните мрежи објавувајќи фотографија од болница се огласи и ги потврди пишувањата на домашните медиуми.




Пејачот неодамна направи промена односно стана русокос, па сега за „Grand news“ откри зошто се одлучил за таков чекор.

„Сакам промени и ги следам трендовите. Почувствував потреба за промена, а воедно и подготвував нов спот во кој сакам да изгледам поразлично“, вели Огнен.




Тој вели дека некој кој сака да се занимава со естрада треба да експериментира и дека се кае што не правел промени додека бил во „Ѕвездите на Гранд“.

„Најважно е да бидете различен и луѓето да ве запаметат. Јас додека се натпреварвував немав промени и ми е криво што не го правав тоа затоа што можеби ќе поминав подобро, луѓето паметат кога си впечатлив“, изјави Здравкоски.




Неодамна се омажи неговата сестра Оле Здравковска. Оле на Денот на виното и вљубените, 14-ти февруари официјално стана мажена жена, односно госпоѓа Шундиќ. Неговата сестра прослави роденден, а Огнен по тој повод напиша:




-НАЈСРЕЌЕН РОДЕНДЕН НА МОЈАТА НАЈГОЛЕМА ПОДДРШКА ВО СЕ, ЗАСЕКОГАШ!
Биди ми жива, здрава, најсреќна, како и секогаш најпозитивна и сите желби да ти се исполнат моја ЕДИНСТВЕНА СЕСТРО!“

Претходна статијаОгнен Јанески: Друг се офајди 500 денари на моја сметка, среќа што не беа многу повеќе, иако не се малку, сметка за вода ќе си плати човек со нив
Следна статијаЕве колку „тежи“ луксузниот апартман на море на Саша Поповиќ откако го продаде „Гранд“