Новиот Меси пристигна во Барселона, станува збор за наш познат актер (ФОТО)

0

Еден од најдобрите светски фудбалери, Лионел Меси неодамна заврши со едно животно поглавје, а неговите фанови емотивно ја доживејаа ова негова промена.




Меси се расплака додека се простуваше од својот долгогодишен клуб ФК Барцелона на прес-конференција во Барселона. Тој потврди дека е во преговори со Пари Сен Жермен, а по два дена неговиот трансфер се официјализираше.




На емотивната прес-конференција на 34-годишниот Аргентинец и претходеше соопштение од ФК Барселона дека клубот нема финансиски можности да го задржи Меси во своите редови по две децении минати во клубот, објави Дојче веле.




„Се обидов да се однесувам со скромност и почит и се надевам дека така ќе ме запаметат кога ќе го напуштам клубот“, рече емотивниот Меси, додека стотици навивачи со неговиот дрес се собираа пред стадионот Камп Ноу во Барселона да го поздрават играчот кого го нарекуваа Месија. Меси почна да плаче кога се качи на бината каде ја одржуваше прес-конференцијата.




Ова е најтешкиот момент во мојата кариера. Кога клубот ми кажа, јас се смрзнав. Ова е како да истуриле кофа со ладна вода врз мене и се уште не можам да прифатам“, рече тој плачејќи.




Со Меси се спореди нашиот познат актер, Дритом Вејсели, кој е најпознат по улогата на Талат, рецепционерот от Џепчиште од серијата „Преспав“.

-Желбата да ги забавувам луѓето отсекогаш постоела во мене, но не можам да речам дека отсекогаш знаев дека ќе се занимавам со актерство или дека тоа сакам да бидам.




Завршив средно уметничко, а по сугестија на околината почнав да размислувам за актерството. Не беа само другарите или пријателите што ми кажуваат дека сум талентиран, туку и професорките инсистираа да се обидам со оваа уметност.




Роден сум во Тетово, по некоја случајност. Моите се селат во тој град во 1991 година, кога и јас сум се родил, па во 1993 година се враќаат во Скопје. Инаку, детството го поминав тука.




Многумина мислат дека сум од Тетово, дека секој ден патувам и постојано ме прашуваат за тоа. Веројатно и поврзаноста со Талат придонесе за тоа. Но, моето детство и првите спомени за многу нешта ме врзуваат токму за Скопје. Посебно за Чаршијата. Тоа ми е една од омилените локации во градот.




Таму секогаш има фина атмосфера, убави „свирки”, туристи, различни луѓе, измешани енергии“, откри Дритон впо една прилика за Фешнел.мк

-Мило ми е кога ќе слушнам дека Талат е еден од омилените ликови. Но, морам да бидам искрен дека никогаш не размислував на тој аспект, публиката како ќе го прифати. Јас само се потрудив тоа што сум го научил на факултет и искуството од претстави да го пренесам и искористам и да биде совршено – вели актерот.




Дритон е на патување во Шпанија, и тоа во Барцелона, градот од кој пред некој ден се прости Меси. Тој објави слика од Барселона и напиша: Новиот Меси е во градот.

Претходна статијаПознатата водителка која неодамна даде отказ ја чепна Дара Бубамара и ја кажа вистината за неа (ФОТО)
Следна статијаКонечно е откриено која е девојката со која Милош Биковиќ е на одмор во Хрватска (ФОТО)