Актерот Иван Босиčчиќ моментално ужива на одмор во Грција со своето семејство, а најновата фотографија што ја сподели на социјалната мрежа Инстаграм ги воодушеви неговите следбеници.
Имено, Иван објави фотографија со својата ќерка Нина, која ја има од бракот со пејачката Јелена Томашевиќ, со која ужива во љубовта.
– Нина е едно исклучително сензибилно дете. Истовремено знае да биде и борбена и онака, да се смири како некое пиленце. Имаме прекрасен однос.
Еве, пред некое време ми рече дека јас сум нејзиниот најдобар другар. Тоа толку ми импонираше, толку многу.
И ќе се трудам тоа да го одржувам. Сите мои претстави, концерти, јас ѝ ги посветив на Нина. Таа е сè уште мала за да го разбере тоа, но јас решив моите настапи да ѝ ги оставам како спомен.
Кога би ѝ оставил нешто на хартија, тоа би било писмо, но ова е како едно парче, една приказна која би сакал еден ден мојата ќерка да ја протолкува и да сфати што сакал татко ѝ да каже со неа“, изјави актерот за Женски магазин.
Кога зборувам за Јелена сите мислат дека кога ќе речам поддршка зборувам само за нашата работа, затоа што и двајцата сме јавни личности. Но, знаете што, нашиот живот е стабилен пред сѐ затоа што сме тука еден за друг.
Љубовта е голем потенцијал за еден заеднички живот, но и љубовта мора да се негува. Тоа е како однос кон едно дрво, кое го залеваат двајца. Па потоа тројца, па четворица, па ако даде Господ и петмина, хахаха“, раскажа актерот.
Бо Театарот на Теразије играм во „Циганите летаат во небо“ и во „Зона Замфирова“. Зоне и Мане се нешто како нашите Ромео и Јулија. А во Русија исто така снимам голема историска љубовна приказна, која се прикажува на нивниот прв национален канал.
Така што некаде, и понатаму се држам до љубовта. Само што тогаш играв од еден, да речам ергенски агол, а сега позрело ја третирам љубовта како родител, сопруг, и веќе маж во години“, додаде Босиљчиќ.
Нина и Иван беа на плажа и заедно шетаа по брегот, а тој напиша и емотивна песна.
– Се двоумам да ви напишам песна, се уште си толку млада, и не е шега да се биде дете. Голем светецу, биди нејзин пријател, однеси ја во ја во круг, во круг … Како Алиса во земјата на чудата … “Љ.Лачиќ – стои во описот на фотографијата.