Ирена Спасовска со уста полна фалби за Владата, посебно за два министри – еве кои

0

Инвестирај во спомени, тоа се најразумно потрошените пари, само тие се твои, порача фолк пејачлката Ирена Спасовска неодамна, додека сподели слика од еден од нејзините убави летни одмори.




Една од песните кои таа ги испеа а публиката веднаш ги прифати се вика „Опасно е“. Во времето кога ја издаде таа песна, Ирена зборуваше за Естрада плус.

-Нова песна веќе имам, насловот е “Опасно е”, за која што во месец септември ќе снимам и спот. Сакав да го снимам летово, но поради големите горештини и моите бројни ангажмани, не можеше тоа да се оствари.




Сега ќе бидам послободна и обавезно септември снимам уште една нова песна, најавен ми е дует со еден колега кој што засега ќе остане во тајност, па можно е да има уште една песна и мислам дека три песни се доволно за оваа година“, рече Ирена пред две години, но за жал вирусот малку ѝ ги помари плановите.




Фолк пејачката е секогаш искрена во своите изјавви, а еднаш изјави дека е бесна поради тоа што не се цени македонската музика. „Па ние сме Македонци, се што е туѓо лесно го апсорбираме и затоа Србите си најдоа една формула дека многу големи настани треба да се одржуваат во Скопје“, изјави своевремено Ирена.




Ирена Спасовска беше мета на трачеви изминатиове години и конечно одлучи да даде изјава за Ексклузив на тогашната 1ТВ.

Таа откри дека има коректен и пријателски однос со Андријана Алачки, а за нејзиниот поранешен партнер Орце Гелевски, таа вели дека како што има почеток, на се има и крај.




Фолк пејачката која е член во Управниот одбор во Здружение на естрадни уметници на Македонија, ЗЕУМ, и која ги иницираше преговорите со Владата за добивање на помош уште лани, за ,,Фокус” вели дека упатува благодарност до Владата, посебно до заменик претседателот на Владата, Фатмир Битиќи, до министерот Оливер Спасовски и до координаторот Роберт Алаѓозовски, бидејќи имале слух за барањата на музичарите.




Над 372 илјади евра деновиве завршија на сметките на наши естрадни уметници кои беа погодени од корона кризата. Владата им додели по 30.750 денари на 745 естрадни уметници, кои ги исполнувале критериумите, а на јавниот повик се пријавиле дури 1.633 лица.




– Тоа беше само почеток. Потоа преку ЗЕУМ успеавме уште два пати да обезбедиме помош. Кон крајот на декември на 730 музичари им беа исплатени по 43.552 денари на сметките, односно околу 517 илјади евра беа одвоени за естрадните уметници.




Сега, оваа помош од по 30.750 денари, која веќе е на сметките на моите колеги, наменета е на оние кои се членови на регистрирани музички здруженија, кои немаат пензија и чии месечни приходи не надминуваат 15.000 денари.




Било кој да беше на власт, ние ќе ги имавме истите барања, и благодарни сме што оваа Влада ни излезе во пресрет. Да се молиме ова зло со вирусот да биде зад нас, за да можеме да си работиме и заработуваме нормално, тогаш сите ќе бидеме задоволни – изјави Спасовска.

Претходна статијаБитолскиот професор Трајковски проговори за тестовите од аптека и кога може да се очекува врвот на овој бран
Следна статијаОва е среќното семејство на Наум Петрески, пејачот објави слика со специјелн повод (ФОТО)