Ерол Ерко Одисеја: Ние сме си тие – кои си палиме пожари стручно во срцето на шумите за да по два часа пекаме зошто не се изгасени

0

Статус на Ерол ерко Одисеја: Ние сме си тие… Тие кои пекаа за вакцини што нема а одбиваме да се вакцинираме.




“Зошто нема” било работава а не здравјето мое и на моето најблиско семејство.

Ние сме си тие кои си палиме пожари стручно во срцето на шумите за да по два часа пекаме зошто не се изгасени.




И тоа ни помалку ни повеќе цела Источна Македонија. Ние сме си тие кои не само што палиме шуми туку бараме не системот да реагира и интервенира туку “Каде е Заев” зошто не се фатил за црево да гасне пожар, кој го запалил?? Абе ај сега што е важно ти па.




Ние сме си тие кои прекинавме програма за вонредни вести и објавивме прва жртва од пожарите а власта на одмор а уствари целата расположлива механизација беше на терен и комплетно сите институции.

Бељата да биде поголема жртва сеуште нема ама кнедлата и трагикомичното појавување на тв екраните со растревожен сурат останува.




Ние сме си тие кои ревносно ги сликаа Австриските ПП возила ама нашето кој го гаснеше пожарот во катната гаража се обидовме од едно два три километри да дадеме секвенца за да не го расипеме филмот со ФАПот стар педесетина години.

Тие сме си ние Македонци (во демос смисла не во етнос) Е сега драги мои да ве прашам јас нешто…




Онолкава Турција побрзо се справи од нас со пожарите? Онолкава Грција подобро се справи од нашите со пожарите? Ене ја уште гори. Шпанија Италија нешто… Не а?? Добро идеме понатака.

Србија која прва се извакцинира и донесе вакцини поголем процент на имунизирани има од нас?? Се спасија од Ковид?? Не бе дечки тука сме горе доле него драмата и желбата за самопонижување ве јаде. Вам ви фали драма од типот на онаа.




-Грујо ноќе звони на Шабан Салиу и го прашува каде се камионите за поплавите, негде ова време 2016г Овој вториот абер нема кај ги пратил.

Али Грујо иако е Емил премиер свикува Владина седница. Вам ви се потребни газење на институциите тотално за да се покаже кој е главен овде. Е тоа ви е потребно… Како инаку да сфатам сета хистерија исфрлена од вас изминативе денови. Сета паника сето плукање и псуење.




Вие не сте навикнати едноставно поинаку. Самопонижувањето е посилно од вас и ве раководи. Јас..јас драги мои кога се работи за вакви природни катастрофи иако се убеден сум предизвикани од човечки фактор јас мразам да гледам политичари да се плеткаат таму.

Штом ги видам сафра ме мава. Кога ќе видам одма првата помисла ми е дека некој нешто мути заради политички поени. Сакам да видам и видов брза сеопфатна реакција на институциите.




Сакам да видам и видов светска брза реакција во помош. Од сите можни страни стаса замисли сепак не спиеле бре мајката. Сакам и видов обезличување на политичките аспекти на пожарите преку фаќање на предизвикувачите и изнесување пред лицето на правдата.

Различни сме знам јас сакам систем вие си сакате популисти ама има време за се ќе си дојдете на мое кад-тад. На крај…




Вакцинирајте се луѓе вакцинирајте се побогу… Зошто??? Зошто смртноста во Македонија пред Ковид беше некаде малку под или над 20 000 годишно.

По појавата скокна на скоро 26 000. Вакцинирајте се не поради желбата нечива туку поради вас самите и вашите најблиски.

И не заборавајте вакцината не ве штити од заразување се заразуваат насекаде подеднакво и вакцинирани и невакцинирани. Пренесуваат вирус подеднакво и вакцинирани и невакцинирани.




Се вакцинирате за да смалите ризик од компликации и смрт ваша и на ваши најблиски. Да не биде зимово абе многу умираат урлање пак ко што си знаеме ние.
Докторите болниците не се семоќни малку треба да си мислиме самите за себе.

На крај… Единствен валиден документ со кој докажувате дека не сте заразен и неможете да заразите некого е т.н.ПЦР тест а не вакцина сертификат.

Објаснив погоре зошто имаме потреба од вакцинација веројатно ќе се најде маж да ви објасни и за преносот на вирусот. Јас истрчувам увек знам.




Ама тој сум кога се работи за општо добро не сум ко оние може да има “бранче” или кои прогласуваа крај на пандемијата во Август за сега да ретерираат.

Не чека заебана зима, ако им мислите добро на своите не чекајте туку трк амбуланта и… Вакцинирај се!! Ви благодарам на вниманието Ваш….

Претходна статијаСе породи Бојана Родиќ, Богдана Ражњатовиќ стана тетка, еве што рече за внучето (ФОТО)
Следна статијаД-р Илчо Ефкоски: Зет и невеста од Тетово, знаеле дека се позитивни, ама ја истерале свадбата