Денис Космонаутко со пријателите испрати силна порака- да се наежиш (ВИДЕО)

0

Денис Јанкуловски, познат како Денис Космонаутко е најпозитивниот лик во нашето секојдневие во последниот период откако настапи пандемијата. Денис е инаку техничар во Центарот за јавно здравје од одделението за микробиологија, каде се врши анализа на материјал за откривање на бактерии преку земање на брисеви или друг материјал.




Овој распеан лик на почетокот од пандемијата за Фокус даде интервју и раскажа како му тече еден работен ден.

– Денот полн со теренска работа започнува речиси со самото доаѓање на работа. Додека го пиеме утринското кафе, одговорниот техничар Зоран Чаневски ги распоредува претходно направените налози од страна на епидемиолозите.




Налозите се направени врз основа на епидемиолошката анкета кои тие секојдневно и во голем обем ја спроведуваат. Откако ќе ги добиеме налозите ние техничарите, припремаме се она што ни е потребно за тој ден, започнувајќи од заштитната опрема за нас, па се до материјалите кои се потребни за земање брисеви.




Ние сме три тима кои секојдневно одат на територијата на цело Скопје, буквално до најдалечните точки.

-Јас сум обичен семеен човек со прекрасно семејство со кое се гордеам, ги ценам семејните вредности.




Дел сум од Здружението на граѓани кое се грижи за лицата со нетипичен развој. Обожавам музика, секојдневно и во секое време слушам. И го сакам животот“, рече тој за Вечер прес.




-Има премногу такви интересни ситуации. На пример, имаше една бабичка кај која бев за брис и кога ме виде се израдува што ете баш јас сум дошол. Потоа со еден дедо си направивме многу убав муабет на тема „Бело дугме“ и утредента испеав нивна песна во негова чест.




Случките со децата кои штом ќе ме видеа трчаа да ми подарат цртежи, а едно девојче со огромен ќеиф ми даде чоколадно млеко. Има и во периодов на вакцинација доста случки, можеби најинтересната е кога дојде постара жена за вакцинација во мојата кабина и ми рече: „Сонував дека ќе се вакцинирам со „спутник“ и дека ќе се паднам кај Космонаутко, среќна сум што ми се оствари сонот“, допдаде Денис.




Тој ја сними својата нова песна и со радост објави дека ја избрал токму „У свету постоји једно царство“ од Бранко Коцица, а во спотот се снимени многу негови пријатели како пеат и свират со него.




-Вака така стигнавме до петстотиот ден кој го започнуваме со песна. Искрено, мене денот бр 100 ми личеше далеку а не па денешниов.

Бидејќи се работи за големка бројка, јубилејна, дојдов на идеја да ја испеам U svetu postoji jedno carstvo но во проширен состав, со мои драги пријатели.




Проектот мислам дека излезе преубав а јас од се срце им благодарам на сите кои зедоа учество – Марко Branka Kostic Markovic & Mladen Markovic , Ведран Ева & Trajanka Ilieva Veljić-Taci , Михаил Кирил & Dace Nikolovski , Natasha Mijat Krstevska , Gjorgji Jolevski Леда, Ледор и Лило, Danijela Z. Kurcieva , Mersiha Shukri , Erhan Shukri , Petar Mladenovski , Ana Janeva Goran Pajak Trifunovski , Vera Jankovic , Vesna Ilkova , John Ilija Apelgren Blagoj Nacoski , Дац & Александар / Dragan Spasov Dac & Aleksandar Mitevski , Zvezda Angelovska денов ми го направивте прекрасен.




Ве сакам и гушкам сите. Пејте драги мои пријатели, пејте. А ние продолжуваме и понатаму. и еве и овде да најавам дека септември ќе биде со специјална посвета, значи 30 дена само Muziku na struju. Гуш и бац за најубав четврток“, рече Космонаутко.

Песната можете да ја видите ТУКА.

Претходна статијаЕмилија Розман проговори за кусиот брак и зошто мажите не ја сфаќаат сериозно (ФОТО)
Следна статијаФросина имаше што да им каже на женичките кои озбоpувaат по канцеларии