Бојана Скендеровски веќе не е плавуша, се подмлади за едно 15 години, еве како (ФОТО)

0

Темата „Да си мерак песна“, која таа година на „Макфест“ ја испеа легендарната Бисера Велетанлиќ, денес, после 33 години повторно ја оживеа пејачката Бојана Скендеровски заедно со составот „Мерак“.




Темата беше авангардна и за тоа време, така што решивме многу да не ја менуваме, не сакавме да додаваме или одземаме нешто на некое дело кое е маестрално само по себе. Ја освеживме со мали промени и тоа е сè, рече Бојана.




Идејата за оваа преработка е на Марио, кој е фронтмен во составот „Мерак“ и кој го потпишува и самиот нов аранжман. Првични автори, пак, се хрватскиот композитор Ивица Стамаќ, а текстот е на Зафир Хаџиманов кој Марио го контактирал пред неколку месеци за да побара дозвола за преработка, на што Зафир одговорил со воодушевување, но за жал не успеа да ја слушне.




Зафир беше многу среќен што сме се сетиле на оваа песна и со задоволство ни даде дозвола за снимање на оваа преработка, сакаше да ја слушне веднаш штом ќе ја завршиме, но почина непосредно пред да ја промовираме и за жал не успеавме да му ја пуштиме, раскажа Марио.




Македонската публика прво ја запозна како пејачка, за потоа се пронајде во улогата на водителка, а сепак тоа што е впечатливо за неа е дека со текот на годините имаше транформација на изгледот.




Како јавна личност е секогаш средена од глава до пети, а во една прилика Женски магазин реши да потсети на нејзиниот изглед низ годините со фотографии, кои само потврдуваат дека Бојана знае како да ја негува убавината.

Мајчинството ме промени комплетно. Ме научи да заборавам на себичноста, ми покажа колку сум му потребна на едно мало суштество, кое е комплетно зависно од мене“, додаде пејачката чиј сопруг Васко Скендеровски е продуцент на емисијата „Улица Македонија“.




Таа е мајка на Искра и на Ѓорѓи. „Низ животот може да имаш и брда и долини,и авиони и камиони,може да ги имаш сите можни титули,може да си и најубаво и најскапо облечен,може да имаш се што се брои со пари,но немаш ништо ако твојот дом не е изворот на твојата среќа и мир“, напиша Бојана за своето семејство на Инстаграм.




Таа е родена на 14 февруари, денот на љубовта и на виното. Токму на тој ден, ојана објави слика со својот сакан сопруг како се бакнува и роденденски им упати порака на своите пријатели и на обожавателите.




– За мене единица мерка за среќа се емоциите,јас сум среќна жена кога ќе пребројам во која количина ги добивам и враќам секојдневно тие емоции…

Среќна сум со се што добивам и губам,грешам,и со се во што сум безпрекорна,плачам и се смеам на цел глас!




Денес полнам 37 години,и се што научив до сега е дека љубовта со љубов се враќа,а доброто што го правите за некој друг,ја зголемува вашата лична среќа!
На здравје пријатели,Ве сакам“.




Како што погоре споменавме, Бојана често го менуваше својот имиџ, но со своите најнови слики на Инста, се гледа дека таа го смени свокот имиџ, тоест ја офарба косата во темна повторно.




Бојана веќе нема руса коса. И како „плавуша“ и сега изглда одлично, а сега како да се подмлади едно 15 години затоа што потестува на почетокот од кариерата.

Претходна статијаГаштов: Прогласете карантин, ограничете го движењето, вакцинирајте што е можно повеќе луѓе
Следна статијаЌерката на Аца Лукас доби скап и уникатен подарок за роденден (ФОТО)