Адријана Алачки на гости кај една од најголемите Ју ѕвезди – покрај море (ФОТО)

0

Долго време работев на сите континенти како презентер на македонската музика, фолклор и одржувам часови по готвење, правев комплетна промоција за Македонија. Готвењето отсекогаш беше моја пасија“, вели Адријана Алачки.




Таа е позната пејачка која во последно време стана позната по емисијата „Вкусот на традицијата“, каде што гостиви традицинални македонки рецепти и по секое убавио јадење знае да рече: Мх,мх…




-Растев во семејство каде што готвењето и семејните ручеци беа секојдневен ритуал. Така што сето ова дојде како последица од една чиста љубов кон кујната, но не само како храна, туку се задржувам на таа наша пребогата традиција и историја поврзана со нашите специјалитети.




Првите 200 емисии беа направени по рецептите од македонскиот традиционален готвач. Многу ретко се случуваше нешто да не се погоди, но „Вкусот на традицијата“ е емисија посветена на домашното готвење и е од народот за народот. Тоа верувам на сите им се случува, зависи од расположението, моменталното чувство и од други компоненти Готвењето за најмилите е љубов и ништо друго.




Но, веќе работите се менуваат, доаѓаат следните генерации кои стануваат подобри мајстори во кујната од мене, а тоа е мојот син Благоја, кој секојдневно ме збунува со преубавите вкусови што тој ги создава во кујната“, изјави Алачки во Женски магазин.




Познато е дека Адријана патува насекаде низ светот со своето кулинарско здружение „Гастромак“ и собира искуства и рецепти, а овој пат таа беше во Хрватска, и тоа на гости кај најпознатиот готвач Стево Карапанџа.




Повозрасните го паметат од некогашната кулинарска емисија „Мали тајни на големите мајстори на кујната“, што ја водеше заедно со Оливер Млакар, а се прикажуваше во поранешна Југославија и беше едно од првите шоуа од таков вид.




– Секогаш го покажувам тоа што го работам и што го знам и што сум им го пренел не само на младите, туку и денес кога луѓето ме прашуваат секогаш искрено им одговарам. Им го кажувам секој рецепт и ништо не кријам, бидејќи нема потреба од такво нешто.




Некогаш имаше некои рецепти што не се кажуваа. Јас памтам кога бев млад во мојот крај рецептот за познатата салама „гавриловиќ“ дека го знаат само двајца или тројца.

Јас се прашував што знае едниот, што другиот, а што третиот. Но, потоа дознав дека тајната е во одгледувањето на свињите, кои фабриката ги купувала од кооперантите и тие не смееле да бидат потешки од 90 килограми. Но, денес е се подруго и којзнае од каде се набавуваат“, изјави Карапанџа во Фактпр во 2018 година, кога беше во улога на жири на третиот Меѓународен гастрономски натпревар „Гастромак Македонија 2018“ во Струмица.




Адријана беше во куќата на Карапанџа во Ловран и уживаше во специјалитетите кои тој ги подготви и напиша:

-Драги наши Стево и Рената Карапанџа, од срце благодарам за незаборавниот ден во Вашиот дом во Ловран. На самиот прием во дворот не дочекаа со ширум отворено срце и раце подготвени за прегратка.




Да, ние сите го паметиме по единственото кулинарско шоу во поранешна Југославија, но како можете да видите се уште е со истиот шарм и насмевка како некогаш. Но да бидеш успешен цела животна кариера е многу важен фактор на поддршката што ја има од својата сопруга Рената.

Неверојатна, моќна, интелегентна а љубезноста и мудроста и се заштитен знак. Тука ќе забележите дека успехот е во слогата што ја поседуваат, непосредни, блиски и дружељубиви. Бидете ни здрави и живи драги наши добри мои. Гастромак е создавач на овие пријателства кои ќе ги негуваме засекогаш. Честа беше наша!“

Претходна статијаЕлизабета, сопругата на Претседателот Пендаровски во нова хумана мисија, народот ѝ честита (ФОТО)
Следна статијаМу викам на Баже, таа нит ќе те пере нит боранија ќе ти прави